10.8 C
Скопје
02:21 - 3 мај, 2024

КОЈА Е РИКО ШИБАТА? Многу мистерии околу сопругата на Николас Кејџ со која чека дете

58-годишниот актер на Николас Кејџ очекува дете со својата петта сопруга Рико Шибата која е значајно помлада од него – цели 26 години. Но која е Рико?

Се венчаа лани. Рико Шибата е млада жена 26 години помлада од него, која ја запознал во Јапонија пред нешто повеќе од две години. Среќниот пар се венча во Лас Вегас на 16 февруари 2021. „Ние сме многу среќни“, рече тогаш Николас Кејџ, кој го склучи својот петти брак. По големото „да“, беше организирана мала забава на која присуствуваше и поранешната сопруга на Николас, Алиса, заедно со нивниот син Кал.

Краток преглед на сопругите на актерот е неопходен – Николас Кејџ се ожени со Ерика Куки во Лас Вегас во март 2019 година, двајцата беа во брак само четири дена. Пред тоа, тој беше во брак со Патриша Аркет од 1995 до 2001 година, со Лиза Мари Присли од 2002 до 2004 година и со Алис Ким од 2004 до 2016 година. Има две деца: Кал, со Алиса, и Вестон, од врската со актерката Кристина Фултон.

На венавката на Николас Кејџ и Рико Шибата беа присутни само неколку блиски пријатели. За време на ритуалот се читаа и песни од Волт Витман и хаику поезија. Тој носеше костум на Том Форд, додека таа носеше кимоно рачно изработено во Кјото. Рико на своето презиме Шибата го додаде презимето Кејџ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Show News Today (@shownewstoday)

Двајцата се запознале во Јапонија пред две години и поминале шест месеци без да можат да се видат поради пандемијата. Всушност, предлогот за брак пристигнал преку FaceTime, а прстенот преку курир.

Неговата сопруга, која штотуку наполни 27 години, е четири години помлада од Вестон Копола Кејџ, син на актерот и актерката Кристина Фултон со која беше во врска.

Инаку и Рико е актерка, но не многу позната на јавноста. Имала улога во Prisoners of the Ghostland (2021). Повеќе е позната како инфлуенсерка на социјалните мрежи, но и како моделка.

Родена е во Њујорк, таа е Јапонка со американско државјанство. Инаку е прилично ниска. Висока е 158 сантиметри а тежи 54 килограми.

И покрај обидите на новинарите да откријат повеќе за новата сопруга на Николас, не е познато ни нејзиното стекнато образование, ни колеџот кадешто учела, ниту пак, нешто се знае за нејзините родители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @okmagazinegeorgia

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicolas Cage (@nicolascagefans)

 

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....