13.8 C
Скопје
18:46 - 23 април, 2024

Манекенката Ивана Димитрова искрено за анксиозноста: Беше шокантно искуство на кое најпосле морав да му погледнам в очи

Со Ивана Димитрова отворено зборуваме за предрасудите со кои се соочуваат денешните убави девојки, како и дали влијае недостатокот на самодоверба на анксиозноста, како да се надминат паничните напади, но и колку негативните искуства од минатото може да се отсликаат на, најчесто недефинираниот, страв од индината.

Една изрека вели „за убавата жена лошо зборуваат мажите кои не можат да ја имаат и жените кои не можат да бидат како неа“

Ивана Димитрова (31) повеќе од една деценија се занимава со манекенство и моделство, а десет години е дел од модното студио „Црнокрак“. Смета дека според нашите стандарди не може да се живее во Македонија само од оваа професија, но дека сепак, трудот се исплатува. Убавицата е во потрага по стабилна работа. „Колекционерка“ е на бројни титули за убавина, но освен по ретката скромност за една убава девојка, која ја краси, Ивана е и меѓу оние кои отворено говорат за психолошката состојба – анксиозност, проследена со панични напади, состојба која денес е сè почеста меѓу младите (и не само меѓу нив).

Кои се најчестите предрасуди со кои се сретнуваш и како модел и како убава девојка? Има ли и кај нас „непристојни предлози“ во модниот свет?

-За жал, кај нас за сè има премноогу предрасуди, па и во манекенството. На почетокот кога станав модел слушав различни незаслужени критики. Но ако дозволев тие предрасуди да влијаат на мене, немаше да останам во модниот свет толку долго. Кај нас секоја убава жена може да се соочи со непристојни предлози, но почесто со навреди и лажни етикети. Една изрека вели „за убавата жена лошо зборуваат мажите кои не можат да ја имаат и жените кои не можат да бидат како неа“.

Во мојата приказна, двајца лекари се пресудни за надминување на анксиозноста, психологот Марија Чапе и психијатарот Благоја Стевановски

Една си од личностите кои отворено зборуваат за анксиозноста, како изгледаше твоето искуство со анксиозноста, како успеа да ја надминеш?

– Зборував и ќе зборувам, а би сакала сите да зборуваме на оваа тема доколку се соочуваме со анксиозност, нема потреба од срам, страв или слично, тоа не е нешто од кое треба да се срамиш или да криеш. Мене, на пример, во еден ден ми се смени животот. Имав само 18 години кога се соочив со првиот паничен напад, беше шокантно исуство кое ни денес не можам да го опишам. Тогаш воопшто не се зборуваше за анксиозност, и бев преплашена. Беше тешко измачување кое ме натера брзо да се обратам на лекар. Во мојата приказна, двајца лекари се пресудни за надминување на анксиозноста, психологот Марија Чапе и психијатарот Благоја Стевановски. Со психотерапија се научив на самоконтрола. Инаку, во контакт сум со многу жени кои поминуваат низ анксиозност и често разговарам со нив, зашто сакам да им помогнам колку можам и да споделам некои работи кои мене ми помагале. Многу ми значи што денес можам да бидам поддршка на некој кој поминува низ таков период.

Мислам дека почесто траумите или некој тежок период во животот со кој сме се соочиле, на пример, развод, болест на блиска личност, немаштијата, брз начин на живот и стресни ситуации, можат да доведат една личност до анксиозност без разлика на годините

Што според тебе е најголемиот предизвикувач на анксиозност?

– Личност сум што не можам да седам, сакам да сум активна, да сум со луѓе. Мислам дека со анксиозност се соочуваат токму жените кои се полни со енергија, жените кои се навикнати да работат постојано. Но, мислам дека почесто траумите или некој тежок период во животот со кој сме се соочиле, на пример, развод, болест на блиска личност, немаштијата, брз начин на живот и стресни ситуации, можат да доведат една личност до анксиозност без разлика на годините.

Колку, според тебе, недостатокот на самодоверба влијае на појавата на анксиозност?

– Никогаш не загубив самодоверба, дури и кога најлошо сум се чувствувала. Од друга страна, има многу жени кои имаат недостаток на самодоверба, а не се анксиозни. Не би рекла дека самодовербата и анксиозноста имаат подлабока поврзаност, барем не во мојот случај.

Детството, според твоите зборови, не ти било лесно. Гледаш ли на непријатностите од минатото како на „задоцнети“ провокатори на акнсиозност?

– Период од детството ми беше тежок, но тогаш за тоа не бев свесна. Кај мене, веројатно, последици оставиле траумите на кои се навратив и ги надминав со помош на психијатарот. Соочувањето со траумите од минатото не е лесно, предизвикува плач, па и вресок. Но тоа е неизбежно за да се продолжи понатаму. Траумите не се забораваат, но можат да се преџвакаат и да се надминат, да се остават зад нас, во минатото. За среќа, имам и многу убави работи кои ги паметам од детството.

Не продолжив на студии зашто знаев дека за моите родители тоа ќе биде товар, наместо факултет започнав со работа, а подоцна и со манекенството.

Денес гордо велиш дека си им многу благодарна на родителите за тоа што си, најмногу поради што?

– Многу сум благодарна што не беа строги родители, ама знаеја да нè потсетат „со памет во глава“, на тоа што беа современи, што не нè ограничуваа, поради тоа што се бореа да нè исправат на висинскиот пат, што отворено зборуваа со нас за финансиските проблеми, кога ги имавме, кога бев средношколка. Што ме научија дека во животот треба да се бориш, дека има тешки периоди, но поминуваат, и што секогаш беа тука за нас. Не продолжив на студии зашто знаев дека за моите родители тоа ќе биде товар, наместо факултет започнав со работа, а подоцна и со манекенството. Свесна бев дека морам да работам поради финансиски причини, и дека не е срамно на 18 години да почнеш да работиш, а секој свој заработен денар многу да го цениш. Секогаш се водев од позитивни мисли дека од некаде мора да се почне, а потоа да се напредува.

Во потрага си по работно место надвор од моделските води? Што би сакала да работиш?

– Сум работела и во конфекција, во фризерски салон, во администрација, сум била и асистент за продажба. Имам еднаква почит и кон директор и кон хигиеничар. Не избирам работа, важно ми е да ме исполнува и, во денешно време нешто што е многу важно, да не е токсично местото каде работиш, зашто не постои плата што би ме задржала на работно место ако треба од претпоставените да трпам психички тортури.

Слични објави

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо
Се вчитува....