08:11 - 13 ноември, 2026

(Фото) Три детски срца: Пејачот Чуле од „Дрим тим“ доби уште една ќерка

Пејачот од групата „Дрим тим“, Дејан Николоски Чуле, стана татко по трет пат. Изминатиов викенд неговата сопруга роди ќерка, па Чуле сега е горд татко на три ќерки.
Пејачот за приновата на неговиот фејсбук-профил објави на уникатен начин.
„Три детски срца, една бескрајна љубов. Бог ни подари уште една среќа .Нашите Јана и Бисера добија сестричка“, напиша Чуле.

Самата фотографија е внимателно осмислена хронологија на нивното семејство, прикажана преку рацете на сите членови кои се допираат околу новороденчето. Секоја рака е означена со годината на раѓање и црвено срце, што ја симболизира поврзаноста и генерациското стебло на семејството:

1984 и 1987: На врвот на сликата се рацете на родителите (на Чуле и неговата партнерка), кои со палецот и показалецот ги држат малите прстиња на новороденчето.

2017 и 2022: Од страните се позиционирани рачињата на нивните две поголеми ќерки, Јана и Бисера.

2026: Во самиот центар е рачето на најновиот член, бебето родено оваа година, чие доаѓање на светот ја заокружува оваа убава семејна приказна.

Фото/Фејсбук

Инаку, среќниот момент доаѓа само еден неговиот настап на „Фолк Фест Валандово“, каде настапи  со песната „Слатки мали лаги“. Заедно со „Дрим Тим“ ги испеа хитовите „Дајте ми ја Бисера“, „Земја далечна“, „Сладок си мој животе“, „Свирете ми труби“ и „Јано моја“.

Во 2024 година, Чуле и „Дрим Тим“ одбележаа 25 години музичка кариера со концерт во Македонскиот народен театар.
Лани, групата „Дрим тим“ ги преработи најголемите хитови на неколкумина македонски пејачи и ги сними како проектот „Дрим тим и пријателите – Музика за душа“, кој беше промовиран на 22 октомври.

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....