22.8 C
Скопје
17:31 - 2 октомври, 2026

(Видео) „Имав 11 скршени ребра“: Камионџијата Андруш си ја отвори душата

Единаесет скршени ребра и нога полна со титаниум, се последиците од тешката сообраќајка која ја имал Андруш Ангелковски, македонски камионџија од ресенскиот крај кој живее во Америка.

Андруш стана познат на социјалните мрежи и низ Балканот како „распеаниот камионџија“. Се прослави со видеа во кои пее народни песни додека вози камион, најмногу со изведбата на песната „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески, која стана вирална.

Андруш Ангелковски, ја отвори душата во најновото издание на поткастот „Марија во Америка“ кој го води Марија Главчева.

​Андруш со емоции се присетува на кобниот ден и моментот кога се случила несреќата на патот, нагласувајќи дека сè се случило во неколку секунди додека се обидувал да претекне друго возило.

„Многу тешка сообраќајка, фала му и слава на Господ останав жив… Тие спори беа, дали беа две возила или не знам како, јас си влегов да претицувам. И како што влегов да претицувам, во задниот куфер ме удри и кај карпите. И толку беше сè и од таму ништо повеќе не знам. Не се сеќавам на ништо.“

Следниот спомен на Андруш е дури од болничкиот кревет каде што се разбудил во тешка состојба, со сериозни повреди по целото тело кои оставиле трајни последици.

​„Се разбудив во Костозглобна, со страшни болки, нешто ги молев да ми дадат вода, а не сум смеел да пијам вода зошто сум бил за операција, а операција не ме правеа. Имав 11 скршени ребра. Ногата ми е цела титаниум полна, левата. Глaвата ми е шиена тука и… оттогаш ми се смени сè. Како пола човек. Не ми е повеќе ништо исто.“

​Она што ја прави оваа приказна уште помистична и за која самиот Андруш верува дека е виша сила, е состојбата во која била пронајдена неговата облека по силниот удар во карпите.

​„Маиците што ги имавме направено, ‘Преспа Чоперс’… цела маица беше партали, само крстот беше останат од левата страна. Само крстот беше нечепнат, тој дел“, рече Андруш.

Слични објави

Весна Петрушевска се присети на болното искуство од детството и откри низ што поминувала нејзината ќерка Мина

Еспресо

Ана Николиќ реши засекогаш да ја напушти естрадата: „Подготвувам турнеја и проштален албум“

Еспресо

Кога мајка ми имаше тумор, а татко ми беше во притвор, Слаткар ми помогна: Емотивна приказна на Тајзи

Еспресо

Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“

К.С.

Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг

Еспресо

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

К.С.
Се вчитува....