10:18 - 13 ноември, 2026

„Немавме бања, греевме вода за да се избањаме“ – Рада Манојловиќ проговори за детството

Рада Манојловиќ

Пејачката Рада Манојловиќ никогаш не криела дека пораснала во сиромаштија и со гордост го истакнува своето родно место Четереже, кое и денес редовно го посетува. Откако многу млада останала без мајка, таа живеела со татко ѝ и со сестра ѝ Маја. Нејзиниот татко работел напорно за да им ги обезбеди најосновните нешта, а дворот им бил полн со разни животни, трактори, стари комбиња и отпад.

Условите за живот во тоа време биле многу скромни и тешки, семејството користело полски тоалет, а капењето барало посебно снаоѓање. Рада се присети на овој период со следниве зборови:

„Немавме бања, греевме вода за да се избањаме“.

На ова таа додаде и како всушност изгледал тој процес: „Ќе се снајдеш. Имаш шпорет, грееш вода и тоа е тоа“.

Меѓутоа, благодарение на успешната кариера, пејачката денес е во можност да живее во изобилство. Своите први сериозни приходи од околу 100.000 евра ги вложила во изградба на нова куќа на семејниот имот за да му обезбеди комфорен живот на своето семејство.

Денес, во тој ист двор, наместо трошна куќа, таа  издига луксузен дом опремен со квалитетен мебел.

Инаку, пејачката неодамна потврди дека конечно купила стан и во главниот град.

Станот има 70 квадрати, дневна и две спални соби, а квадратот ја чинел 3.500 евра. Во околината на зградата има бројни продавници, па пејачката во близина има сè што ѝ е потребно.

 

Слични објави

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо
Се вчитува....