02:51 - 13 ноември, 2026

Зорица Брунцлик брутално го „поткачи“ Десингерца – „Глупав си, погледни каков стомачиште си ‘пуштил’“

Тензијата во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ достигна критична точка, а во главните улоги на најновиот скандал се фолк-легендата Зорица Брунцлик и контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерца. Имено, Зорица има сè помалку трпение за однесувањето на раперот, а на последното снимање ситуацијата целосно ескалираше кога тој ноншалантно си разговараше со другите членови на жирито додека таа го изнесуваше своето мислење за кандидатот.

Наместо да ја слуша, Десингерца сред нејзино излагање упати прашање до колегите:

„Колку килограми имам јас?“. Ова ја извади од такт Брунцлик, која веднаш викна на сиот глас:

„Молчете додека јас зборувам!“

Раперот рамнодушно се оправда со зборовите: „Не забележав“, на што Зорица брутално му врати:

„Тоа што не си забележал е затоа што си глу*ав!“

Сепак, Десингерца продолжи да зборува како ништо да не се случило, додавајќи дека има нешто повеќе од 100 килограми. Ова и даде совршен повод на пејачката уште еднаш сочно да го „пецне“:

„Баш си ми ти секси, особено сега кога си направил толкаво стомачиште!“

Ова не беше единствениот судир меѓу нив двајца во текот на истата емисија. Зорица во еден момент директно го нарече Десингерца „простак“, откако тој на нејзин коментар одговори со сочна пцовка.

Големиот гнев кај Брунцлик всушност тлееше поради продукцијата. Таа жестоко замери за тоа што веќе вторпат по ред директно ги пуштаат понатаму кандидатите за кои таа гласала да испаднат или да одат во бараж.

Атмосферата докрај ја вжешти водителот Огнен Амиџиќ, кој ѝ образложи на Зорица дека одлуката да се пушти конкретната кандидатка не била донесена толку врз основа на пеењето, туку затоа што нејзините настапи се најгледани и највирални на социјалните мрежи. Ова дополнително ја погоди фолк-ѕвездата, која ваквиот потег го сфати како директен удар врз нејзината долгогодишна стручност и професионалност.

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....