16:52 - 12 ноември, 2026

По хоспитализирањето на Мина Костиќ во психијатриската болница, Каспер итно пристигна во Белград

Пејачката Мина Костиќ вчера била однесена во придружба на полицијата во психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“, а нејзиното момче Мане Ќурувија Каспер, пристигнал утрово во Белград.

За нивниот однос вчера многу почна да се шпекулира во спрската јавност и медиумите, па дури и го обвинија Каспер за фактот што пејачката завршила во таква установа.

Пријателот на Мина, познатиот пејач Неша Твинс открил за српски „Телеграф“ дека престанал да комуницира со неа кога таа влегла во врска со Каспер.

– Не сум во тек… откако таа влезе во врска со Каспер, јас не сум бил во контакт со неа толку многу бидејќи ѝ беше добро – изјавил тој за „Телеграф“.

– Се чувствуваше добро, беше заљубена и тоа е сè што знам, а сега сум во шок… – додал Неша.

Веста дека пејачката Мина Костиќ е хоспитализирана во Специјалната болница „Д-р Лаза Лазаревиќ“ одекна како бомба вчера, а многумина се прашуваа каде е нејзиниот партнер Каспер и зошто не се огласува.

Како што дознава „Информер“, тој утрово слетал во Белград.

Каспер пристигнал во Србија со лет од Цирих во 8:30 часот наутро, откако претходно долетал од Соединетите Американски Држави. Според изразот на неговото лице можело да се забележа дека е многу загрижен.

Мина Костиќ е задржана на понатамошно испрашување, а во оваа установа дошла во придружба на полицијата поради нејзиното агресивно однесување, пишува „Телеграф“. Како што дознава, Мина е сместена во одделението за интензивна нега, каде што е под постојан надзор на медицинскиот персонал.

Слични објави

„Не можев да посакам подобро“: Ела Дворник објави снимка со својата ќерка и откри убави вести

Еспресо

Искуства на пациент од Клиника „Жан Митрев“: 15 години подоцна – животот е најголемото сведоштво

Еспресо

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.
Се вчитува....