4.8 C
Скопје
03:21 - 24 октомври, 2026

Непријатна случка за семејството на Анета Љумаковска, ова се случи во Валандово

Непријатна случка доживеа фолк-пејачката Анета Љумаковска на „Фолк фест Валандово“ на кој настапи минатата недела.

Имено, како што објави порталот „Свет Австралија“, се случила семејна драма на пејачката од Битола, која важи за еден од најдобите женски вокали.

„Без конкуренција највпечатлива двојка беа Анета Лумаковска и нејзиниот нов сопруг, Рубин Размоски – Размо.

Откако двајцата ги завршија своите претходни бракови, одлучија на светот јавно да му ја покажат својата љубов. На ‘„Фолк Фест Валандово“ 2026’ тие беа пар како насликан од најубава приказна. Анета едноставно сјаеше , нејзиниот лик беше толку разубавен и озарен, што се гледаше дека е силно вљубена, среќна и исполнета покрај Размо. Целата вечер не се делеа еден од друг, а дополнителна топлина на целата слика ѝ даде присуството на нејзината мајка, Лилјана Лумаковска. Таа потврди дека е најсреќна мајка кога ја гледа искрената среќа на својата ќерка“, пишува порталот. 

„Арно ама вакви настани не поминуваат и без малку драма. На финалната забава после фестивалот, за малку ќе им се расипеше сето расположение на битолчани, односно на семејството Љумаковски. Мајката Лилјана во паника пријави дека ѝ го нема новчаникот и дека е изгубен. За среќа, по кратката потрага, новчаникот беше најден паднат во нивниот автомобил, па драмата заврши со вистински среќен крај“, стои во текстот.

Фото/Инстаграм

Инаку, Анета Љумаковска, Јане Динев и „Анета бенд“ за песната „После сѐ“, освоија трета награда,  Томислав Коцевски – Пепси награда за најдобар аранжман.

Слични објави

„Не треба само да се оди во естетски салони“: Неда Украден откри како ја одржува витката фигура

Еспресо

„Џабе се потоа станови и скапи школарини“: Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ не отстапуваат од ова златно правило за ќерката Нина

Е.А.

„Пеење се слуша секоја вечер“: Соседите открија што се случува во луксузниот дом на Милан Станковиќ

Е.А.

(Фото) Големо славење во домот на Анѓелка Прпиќ, честитките пристигнуваат, се огласи и нејзината кума

Еспресо

Калиопи искрено проговори за посебниот однос со Ромео Грил: „Слепо му верувам, со него имаме посебна врска повеќе од 40 години“:

Еспресо

Никола Роквиќ за последната година од животот на татко му Маринко: „Од самиот почеток знаевме дека нема помош“

Еспресо
Се вчитува....