20.8 C
Скопје
20:12 - 29 септември, 2026

Маја Хок, ќерката на Ума Турман за абортусот: „Ако не абортираше мајка ми, јас немаше да се родам“

Темата која го потресе целиот свет, а особено Америка и жените од таа земја, е одлуката на Врховниот суд кој го ограничува и го забранува правото на жените за абортус. Една од познатите актерки која многу отворено зборуваше на оваа тема е младата актерка Маја Хок, ѕвезда на серијата Stranger Things.

Ќерката на Ума Турман и Итан Хок гостуваше во The Tonight Show with Jimmy Fallon на актуелната тема за одлуката на Врховниот суд и откри многу личен разговор што го имала со нејзината мајка.

„Се јавив на мајка ми денес да ја прашам за совет што да кажам во разговор со вас. Почнавме да разговараме за пресудата на Врховниот суд и за есејот што мајка ми го напиша пред неколку месеци, кога тие поставуваа дополнителни ограничувања за пристапот до абортус што му претходеше на сето ова“, рече Маја.

Имено, минатата година Ума Турман напиша есеј за The Washington Post, во кој ја откри својата лична приказна за абортусот.

„Во доцните тинејџерски години, случајно забременив од многу постар маж. Живеев без ништо во Европа, далеку од моето семејство и подготвена да започнам со работа. Се борев да сфатам што да правам. Сакав да го задржам бебето , но како?… Абортусот што го имав како тинејџерка беше најтешката одлука во мојот живот, онаа која ми предизвикуваше вознемиреност, и тогаш и сега ме прави тажна. Но тоа беше патот до животот полн со радост и љубов што го доживеав. Одлуката да не ја задржам таа рана бременост ми овозможи да пораснам и да станам мајка каква што сакав и требаше да бидам“, напиша Турман.

Младата актерка, запознаена со маките на нејзината мајка од тинејџерските денови, на водителеот му кажа дека одлуката на нејзината мајка да абортира била причината што таа се родила.

„Да не абортираше тогаш, немаше да стане личност која стана, а јас немаше да постојам. Животите на моите родители ќе беа исфрлени од колосек доколку таа немаше пристап до безбедна и легална, основна темелна здравствена заштита. Толку многу луѓе поради оваа пресуда не само што нема да можат да ги остварат своите соништа, многумина всушност ќе си ги загубат своите животи и ќе станат несигурни“, рече Маја Хок.

Слични објави

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо

(Фото) Семејна идила – Тања Савиќ ужива со Муки, братот и снаата во Белград

Еспресо

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.
Се вчитува....