20:37 - 8 ноември, 2026

КУЧЕ фрлено на улица „зашто е геј“: Хомосексуална двојка го вдоми!

Куче било оставено од неговите сопственици бидејќи мислеле дека е геј. Тоа се случило во Северна Каролина, САД, каде едно семејство го однело своето куче по име Фецко во институцијата за напуштени животни во округот Стенли, откако го видело како „јава“ друго машко куче повеќе пати.

Случајот како куриозитет бил пренесен на локалната телевизија, па така еден хомосексуален пар решил да го вдоми кучето, давајќи ѝ среќен крај на приказната.

Стив и Џон имаат 30-годишна врска и, како што самите изјавија за локалната телевизија, најголемиот дел од животот трпат дискриминација и неправда, поради нивната сексуална ориентација. Поради оваа причина, тие помислиле да побрзаат да го спасат Фецко, сега преименуван во Оскар:

„Тоа е толку глупава причина да се напушти кучето. Помисливме дека има смисла напуштеното куче – затоа што се сметало за геј – да биде „посвоено“ од вљубено геј семејство. Целиот наш заеднички живот бевме подложени на еден вид на фанатизам и предрасуди и често не можевме да направиме ништо против тоа. Во овој случај, се погледнавме и рековме, можеме да направиме нешто за тоа“.

Локалната телевизија WCBB го интервјуирала д-р Вилијам Пресли, ветеринар во ветеринарната болница „Пресли“, кој појасни дека однесувањето на Оскар не мора да укажува на неговата хомосексуалност. Навистина, машките кучиња обично „јаваат“ други кучиња:

„Тоа е нешто што се однесува на концептот на доминација и е чиста и едноставна игра. Тоа нема никаква врска со сексуалноста на кучето “.

Сега Оскар ќе оди на стерилизација. Но, овој пат го чека семејство подготвено да му пружи голема наклонетост и љубов, и да се грижи за него на најдобар можен начин.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....