19:52 - 11 ноември, 2026

Луѓето со крвна група А, имаат поголем ризик од инфаркт

Здравјето на срцето е една од работите што мора да ја одржувате бидејќи болестите на срцето се причина број еден за смртност во светот. Според резултатите од едно истражување, крвна група игра голема улога во тоа.

Истражувањето спроведено на 400.000 луѓе открило дека луѓето со крвна група А или Б заедно имаат 8 отсто поголеми шанси да доживеат срцев удар отколку луѓето со крвна група нулта. Слична студија покажала дека луѓето кои немаат крвна група нулта имаат 9 отсто поголеми шанси за појава на болести на кардиоваскуларниот систем или инфаркт.

Резултатите од студијата објавена минатата година покажуваат дека луѓето со крвна група Б имаат поголем ризик од луѓето со крвна група А и нулта. Според резултатите, луѓето со крвна група Б имаат 15 отсто поголеми шанси за срцев удар отколку луѓето со крвна група нулта.

Кога зборуваме за срцев удар, луѓето кои имаат крвна група А, сепак, се најзагрозената група со дополнителни 11 отсто шанси да доживеат инфаркт. Според кардиолозите, срцевата слабост и срцевиот удар се форми на срцеви заболувања, но застојот на срцето се развива постепено, додека инфарктот настапува веднаш. Инфарктот е исто така последица на срцевиот застој.
Според пишувањата на Европското здружение за кардиологија, постои поголема можност за развој на вакви состојби кај сите крвни групи, освен кај крвната група нулта, и тоа е затоа што тие се поподложни на развој на крвни згрутчувања.

Научниците открија дека проблемот може да биде во тоа што крвните групи носат протеини кои се поврзани со формирање на тромб во крвта. Ова го потврди уште една студија годинава, која докажува дека луѓето со крвни групи А и Б имаат 44 отсто поголеми шанси да доживеат тромбоза.

Слични објави

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо

(Видео) Мина Костиќ им возврати на колегите по обвинувањата за кражба: „Љубомората е чудо!“

Еспресо
Се вчитува....