30.3 C
Скопје
17:36 - 20 јуни, 2026

„Кејт побегна од палатата!“: Фановите се сигурни дека принцезата немала ни операција на абдоменот

Теориите за „исчезнувањето“ и здравјето на Кејт Мидлтон земаат се поголем замав. Пред некој ден, принцезата, преку инстаграм-профил (заеднички со Вилијам), се извини за фотошопирањето на семејниот портрет со децата, а во меѓувреме стана познат уште еден инцидент – принцезата беше „уловена“ од папараците во ренџ ровер од замокот Виндзор само неколку часа по фијаското со ретуширање на семејна фотографија и нејзиното извинување, но медиумите открија дека на фотографијата всушност не е таа. Извор за Дејли Мејл вели дека палатата се обидувала да покаже дека Кејт е „добро“ со новата фотографија. Но, обожавателите на кралското семејство шпекулираат дека Вилијам всушност се возел сам во автомобилот, а главата на Кејт била „додадена“ со помош на фотошоп, пишува Пејџ сикс.

Се чини дека кралското семејство наскоро ќе мора да приложи докази дека Кејт е „жива“, бидејќи некои британски таблоиди исто така забележуваат дека принцезата од Велс не можела да го издржи притисокот на јавноста и дека избегала од палатата.

принтскрин, икс, жената фотографирана во автомобилот

Всушност, „теориите на заговор“ за „исчезнувањето“ на Кејт Мидлтон започнаа уште пред скандалозното објавување на фотографијата. Дискусиите за ситуацијата околу принцезата од Велс започнаа во јануари, кога кралското семејство објави дека Кејт направила операција на абдоменот. Сопругата на идниот крал на Велика Британија не се појавува во јавноста од Божиќ, а нема детали за нејзината здравствена состојба: претставниците на кралското семејство не ја коментираат ситуацијата, само истакнуваат дека принцезата од Велс се опоравува. Луѓето на интернет се уверени дека немало ни операција на абдоменот и се сомневаат дека Кејт направила хистеректомија. А новата теорија на заговор оди уште чекор понапред – дека си заминала од палатата, веројатно и поради притисокот од јавноста и кралското семејство, а веројатно и преку љубовната афера на принцот Вилијам со маркизата Роуз Ханбери, која беше најдобра пријателка на Кејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by somelikeithaute (@_somelikeithaute)

Што навистина се случува, а очигледно дека се случуваат многу нешта зад кулисите, останува да почекаме, па да видиме.

Кој кого изневерува: Велика Британија бруи за неверството на Кејт Мидлтон

Слични објави

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо

Вака Анастасија Ражнатовиќ ослабе 20 килограми — една работа е клучна, а сега ја откри тајната на својот совршен летен оброк

E.A.

„Можеби се задолжуваат и земаат кредити за да снимат песна“ – Индира Радиќ проговори за естрадата, колегите, снаата Русинка и бракот

E.A.

Дали некогаш сте пробале праски на скара или во салата? Oвие комбинации пријатно ќе ве изненадат

Т.Ц.
Се вчитува....