8.8 C
Скопје
23:17 - 28 март, 2024

КАМЕРОН ДИЈАЗ ОТКРИ КАКО Е ДА СЕ СТАНЕ МАЈКА НА 47 ГОДИНИ: Сега треба да живеам до 107

камерон дијаз

Мајчинството е посебна приказна. За некои жени „касната“ бременост и мајчинството имаат импресивни придобивки, а Камерон Дијаз е идеален пример за тоа. Нејзината приказна може да го промени мислењето на жените кои се сомневаат за бременост по 40-тата година.

Камерон Дијаз сподели што значи да се стане мајка со 47 години: Сега треба да живеам до 107 години

Во декември 2019 година, познатата актерка и нејзиниот сопруг Бенџи Маден станаа родители. Тоа стана главна вест во светските медиуми и секако, почнаа коментарите за „доцното“ мајчинство. Дијаз им даде надеж на жените кои се откажале од обидот да добијат дете заради возраста.

камерон дијаз
Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден / EPA/MICHAEL NELSON

Иако актерката се обидува да го задржи за себе фактот како забременила, блиски пријатели на ѕвездата открија дека парот се обидувал да добие дете неколку години пред да го добијат девојчето по име Редикс.

„Поминаа толку многу за да стигнат до оваа точка“, изјави анонимен извор за американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz)

Дијаз помина повеќе од половина од својот живот под будното око на јавноста и смета дека е во ред сега „да одвои време да се реорганизира“. Како што вели, таа е среќна, благословена и благодарна што влегува во нова деценија од животот со дете. Една од нејзините главни цели е да го заштити сопственото дете.

камерон дијаз
Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Во интервју со Џими Фалон, Дијаз призна дека времето што го поминува со својата ќерка е како да е во рајот. Вели дека се обидува да ужива во секој момент затоа што секој ден носи нешто ново, и дека Редикс не е истото бебе како вчера.

„Големо задоволство е да се гледа како расте, да се биде дел од тој процес и да ѝ помогнам да биде своја. Неверојатно е“, објасни таа.

Дијаз низ смеа вели дека нејзиниот телефон веќе не е полн со фотографии од нејзините кучиња (а ги има четири). Сега постојано слушаат бебешки песни како „Baby Shark“ и „Elmo`s Song“ и уживаат како семејство.

камерон дијаз
Фото: EPA/PETER FOLEY

Сè уште постои притисок врз жените кои ќе се одлучат за мајчинство подоцна во животот

Во интервју со Наоми Кемпбел, која стана мајка во мај оваа година, на 51-годишна возраст, Дијаз неодамна раскажа дека сака да најде рамнотежа во животот.

„Луѓето се венчаваат и младите создаваат семејство. Јас го правам тоа во втората половина од мојот живот. И конечно го сакам мојот живот затоа што е приватен. Морам да доживеам 107. Значи, без притисок“, рече таа низ смеа.

И покрај ова, Дијаз е апсолутно сигурна дека ги поминува најсреќните моменти од својот живот. Актерката посочува дека нејзините претходни искуства од патувања и работа на филмови не можат да се споредат со оваа нова фаза.

„Кога ќе одлучите да бидете родител на моја возраст, тоа е вистинскиот избор. Треба да работите напорно за тоа“, додала таа.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....