21.8 C
Скопје
11:40 - 29 април, 2024

Јелена Карлеуша „удри“ по Цеца: „Аркан го уби братот на Џеј, а Цеца ја пее насловната нумера на филмот „Недела“

Јелена Карлеуша ја шокираше јавноста со својата изјава. Поп дивата пред камерите проговори за Аркан, Џеј и убиецот на Џамба.

Јелена призна дека не го гледала филмот за покојниот Џеј Рамадановски, но откри мал дел од нејзиното познанство со пејачот.

„Не сум го гледала филмот за Џеј, ама одлично го познавав Џеј. Јас Џеј многу го сакав и тој ме сакаше мене. Исклучително ја почитуваше мајка ми. Но Џеј беше момче од Дорчол, многу постар од мене, кој беше опкружен со тој свет од онаа страна на законот. Он едноставно беше, неговата музика, неговите текстови, начинот на кој пееше, неговите почетоци, неговото тажно детство и раснење беше нешто што многу момци изгубени во 90-те ги инспирираше, им даваше сила, тој негов глас, таа негова музика да издржат во тоа некоа пронаоѓање на сопствениот пат кој воглавно беше лош и површен, опиша сликовите ЈК.

Во филмот „Недела“ се појавува и ликот на братот на Џеј, Иса Лера Џамба, чие убиство и до ден денес е мистерија. Јелена Карлеуша го одврза јазикот и кажа што мисли за тоа злосторство.

– Колку што знам, Аркан убил роднина или дури брат на Џеј Рамадановски. Значи, тоа е познато. Не знам што покажаа во филмот, но ме растажи што Џеј го знаеше тоа, но беше принуден да биде забавувач на тие ликови како Аркан бидејќи немаше друг избор. Она што јас би го додала е еден парадокс. Парадокс е тоа што баш сопругата на Жељко Ражнатовиќ Аркан, кој го уби братот на Џеј, ја пее насловната песна на саундтракот од овој филм. Мило ми е што тоа се случи. Парадокс кој на некој начин го отсликува и парадоксот од тие години. И ние како народ, каде што најлошите беа претставени како наши претставници, а всушност тие беа нешто против што моравме да се бориме, но долги години не успевавме – рече Карлеуша, таргетирајќи ја особено вдовицата на Аркан, Цеца.

– Значи, секој што го гледа филмот веројатно ќе го чуе и гласот на сопругата на некој што го убил неговиот брат. Интересна приказна. Сигурно не би зборувала за образот на некој што сакал да го отпее саундтракот за тој филм, знаејќи ја позадината и вистината. Тоа не е ниту О на лицето, ниту Ч на чесноста, но тоа се тие заостанати опашки од деведесеттите години на лоши примери, лажни мајки и татковци кои со децении беа уништувачки пример за цели нови генерации, беа поразителен пример на филозофија, естетиката и човечки вредности. Сите го гледавме тоа како нешто што сакаме да бидеме. Всушност, тоа беше наш национален пораз – изјави Карлеуша на ТВ Курир и додаде:

– Аркан направи од една свадбарска, вашарска пејачка, национална ѕвезда, а сите медиуми мораа тоа да го пишуваат и да ја опишуваат како ѕвезда. Секој кој не сакаше да го послуша Аркан и да пишува пофалби за неговата сопруга, доживуваше многу, многу неубави работи. Јас дури и бев присатна кога еден твој колега дури и пред мене доби удар од Аркан, тоа многупати го реков. Еден грд период кога јас бев многу, многу млада, малолетна или тукушто полнолетна, и на тоа се сеќавам како на еден многу грд период во животот, зашто дури имав и личен спор со Аркан кој прерасна во децениски проблем – заклучи Јелена.

Слични објави

Уапсен Жерар Депардје! Ќе биде сослушан за наводите за сексуален напад врз две жени

еспресо

Тања Савиќ тајно се омажила со пилотот Муки: „Мојот сопруг е навистина прекрасен…“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

Астропрогноза за понеделник, 29 април: Скорпиите да внимаваат на парите, Овенот да започне врска

еспресо

Стиснете заби до празниците: Судбината болно ќе ги погоди овие два хороскопски знаци

еспресо

Мелина тврди дека не ја слушала музиката на Харис Џиновиќ, тој ѝ одбруси: „Гледаше во мене како во споменик!“

еспресо
Се вчитува....