10:19 - 8 ноември, 2026

(ВИДЕО) ЈА ИЗГУБИЛА БУРМАТА ДОДЕКА БЕРЕЛА КОМПИРИ: 50 години подоцна прстенот е пронајден и вратен на сопственичката

Пеги Мексвен од Шкотска го изгубила својот венчален прстен пред 50 години. Денес Мексвен има 86 години, а верува дека го изгубила прстенот во својата градина додека собирала компири.

Педесет години подоцна соседот на Пеги го пронашол прстенот со детектор, по долги  три дена пребарување во градината, а истиот се криел во земјата меѓу компирите.


„Ископав околу 90 дупки бидејќи имаше многу закопани конзерви. Пребарав површина од 5.000 квадратни метри. Технологијата беше од голема помош, но овој пат потребна беше и многу среќа. Прстенот беше како нов“, рекол соседот Доналд Мекпи, кој го пронашол прстенот.


Прстенот е вратен кај сопственичката.

Слични објави

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо
Се вчитува....