12.8 C
Скопје
10:33 - 4 мај, 2024

Гастербајтерски исповеди: Швајцарија е новата „ветена земја“

швајцарија

Швајцарија одржува многу престижна репутација како една од најдобрите земји за живеење, не само во Европа, туку и во светот. И таква-заводлива, редум привлекува многу луѓе кон неа.

Српскиот гастербајтер Милан В., со години живее во Берн, каде што работи како графички дизајнер за плата од 6.000 франци. Бидејќи често добивал коментари од типот „лесно ти е тебе, живееш во Швајцарија“, решил да открие колку навистина чини животот во оваа земја.

„Плата од околу 6.000 франци звучи одлично, но тоа е бруто сума. Кога ќе го одбиете данокот, на сметката остануваат околу 4.700 франци. Најголемиот трошок е станот. Изнајмувањето во Швајцарија е скапо, но сепак повеќе се исплаќа отколку да поседуваш недвижен имот. Верувале или не, бидејќи даноците за имот се огромни“, објаснува Милан.

View this post on Instagram

A post shared by @annafrankmill

Бидејќи изнајмувањето стан во центарот на градот е исклучително скапо, тој одлучил да живее во предградијата

„Киријата за стан со една и пол соба е 1.500 франци, што значи дека ми остануваат 3.200. Цената на храната во супермаркетите е повисока отколку во Србија, а за рестораните нема ни да зборувам. Се обидувам да подготвувам храна дома колку што можам за да заштедам пари. Трошам околу 600 франци месечно за храна (затоа што често купувам намирници на попуст), што значи дека ми остануваат уште 2.600 франци. Цените за интернет и мобилни телефони варираат од пакет до пакет, мене ме чини 160 франци, по што ми остануваат 2.440. Околу 450 франци одат за комунални услуги, по што грубо останувам со околу 2.000. Во Швајцарија е задолжително здравствено осигурување, кое има различни понудени пакети па бирате во склад со потребите и финансиските можности. Јас избрав пакет што е малку подобар од најосновниот и ме чини 300 франци месечно“, пишува Милан на својот профил на социјалната мрежа „ТикТок“.

Со преостанатите 1.700 франци, Милан издвојува уште неколку трошоци

„Се разбира, фризерот исто така ми прави дупка во џебот. Фризурата е околу 40 франци и бидејќи се шишам двапати месечно, тоа задоволство ме чини 80 франци. Покрај тоа, трошам уште 200-300 франци месечно на кино, пијалоци или вечера со пријателите, така што на крајот од месецот ми остануваат околу 1.300 франци чисти. За среќа, најчесто возам велосипед, така што немам трошоци за автомобил“, истакнува Милан.

Сепак, и покрај високите трошоци, тој посочува дека Швајцарија е сепак одлично место за живеење

„Постои можност за напредок во работата во секој поглед, а со тоа и повисоки примања. Покрај тоа, голем број компании плаќаат целосна тринаесетта плата. Покрај тоа, земјата е исклучително добро организирана, сè е јасно прецизирано, законот се почитува, нема да наидете на непријатни и непредвидени ситуации ако го почитувате системот што функционира совршено“, вели Милан.

Извор: „Blic“

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо
Се вчитува....