21:54 - 9 ноември, 2026

И ЏЕЈК ГИЛЕНХАЛ Е МЕЃУ ОНИЕ ШТО НЕ СЕ БАЊААТ и тоа од еколошки причини, а има и куп други славни кои мразат туш!

Некои американски славни личности почнаа да зборуваат за своите хигиенски навики во интервјуата, откривајќи дека тие навистина не го сакаат секојдневниот туш. 

Последниот во низата кој изјави дека не се бања често, беше Џејк Гиленхал, а пред него беа Кристен Бел, Ештон Качер и Мила Кунис.

Инаку, Гиленхал е прочуен по филмови „Brokeback Mountain“, „Donnie Darko“ и „Nightcrawler“. Во интервју за „Vanity Fair“, актерот ги објасни своите мотиви за (не)туширањњето:

„Мислам дека не е потребно да се бањате премногу често“. Потоа додаде дека честото туширање ѝ штети на кожата, ама тука ја вмеша и животната средина – однсоно дека нетуширањето на луѓето ја заштитува животната средина.

Ваквата „еколошка кауза“ на Џејк наоѓа поддршка и кај други ѕвезди. Меѓу првите кои изјавија дека не го сакаат баш бањањето беа парот Мила Кунис и Ештон Качер. Во еден подкаст на Дак Шепард,  Мила Кунис призна:

„Немав топла вода како дете, така што никогаш не се туширав многу. Со моите деца, го правам истото. Не ги мијам често. Јас не се бањам често. Не бев ниту таков родител кој опсесивно ги капе малите деца или бебиња. Речиси никогаш не ги бањав “.

А, Ештон Качер потоа додаде: „Еве нешто да кажам: ако видите нечистотија, исчистете ја. Инаку нема смисла да чистите нешто што е чисто”.

Кристен Бел пак, исто така си призна дека сака мирис „на природата“. Тоа го призна во емисијата на нејзиниот вереник Дакс Шепард со зборовите дека едвај го чека моментот кога тој мириса на испотено.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....