13:25 - 9 ноември, 2026

(Фото) Вилата на Гавазова во Дојран е ептен луксузна, еве што направи пејачката таму

Од својата луксузна вила во Дојран од која се гледа целото езеро, Сузана Гавазова сподели специјална приказна.

Пејачката прво покажа каква домаќинка е. Познато е дека таа ужива да готви за своите најмили, па овојпат направи колач хамбургери со домашно месени лепчиња, па потоа колач со сливи.

Фото/ Инстаграм

Па откако сподели што е ново во кујната, таа се дотера и направи снимка од вилата.

Фото/ Инстаграм

Сопругот Јасмин на Сузе и на ќерките Емили и Селена им направил вистински рај со поглед на езеро и со базен во кој се разладуваат на горештините.

Фото/ Инстаграм

Неодамна на Инстаграм, Гавазова ги покажа нејзините мускули кои ги постигнала од посветено вежбање. Уште од рано наутро, Сузе е во теретана, и се гледа дека таа добро има сфатено дека за добар изглед и успех треба да се помачиш.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа“, изјави своевремено Гавазова.

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....