21:33 - 28 јули, 2026

(Фото) Светската тенисерка Јелена Докиќ го избра Скопје за летна станица: „Убаво си!“

Поранешната светска тениска ѕвезда Јелена Докиќ деновиве престојува во Македонија, а својата посета на Скопје ја овековечи со серија фотографии и кратка порака упатена до градот.

„Скопје, убаво си!“, напиша Докиќ на Инстаграм, каде што сподели моменти од прошетката низ македонската престолнина.


Заедно со својот партнер, таа ги посети едни од најпознатите туристички атракции – кањонот Матка, Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и црквата Свети Константин и Елена. На фотографиите може да се види дека двојката ужива во разгледувањето на градот и неговите знаменитости.

Ова не е единствената дестинација што Докиќ ја посети за време на престојот во земјава. Неколку дена претходно таа објави фотографија од појадок со ѓеврек и јогурт, а според објавата, дел од одморот го минала и во Охрид.

Нејзините следбеници брзо ја преплавија објавата со коментари, посакувајќи ѝ пријатен престој и истакнувајќи дека Македонија има уште многу места што вреди да се посетат.

Јелена Докиќ остави длабока трага во светскиот тенис. Во текот на кариерата се искачи до четвртото место на ВТА-листата и освои шест титули во сингл конкуренција. По повлекувањето од активното играње, таа стана телевизиски коментатор и автор, а со својата автобиографија отворено проговори за семејното насилство и предизвиците со кои се соочувала во текот на спортската кариера.

Слични објави

(Фото) Ева Величковска е новата Мис на Македонија: Ќе ја претставува земјава на изборот за Мис на светот 2026

Еспресо

Елеганција, природа и незаборавни моменти – Villa Diva е совршен амбиент за незаборавна моминска вечер

Еспресо

(Фото) Едита сподели интимен момент како го дои бебето: „Не купувам дохрана“

Еспресо

(Фото) Тарик Филиповиќ стана „матичар“ на свадба и ги воодушеви сите: „Почнаа да пристигнуваат понуди“

Еспресо

(Фото) „Моторџиска“ летна авантура — Тамара и Лука уживаат во љубовта

Еспресо

„Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува“: Сузана Турунџиева сподели емотивна порака на годишнината од смртта на нејзиниот сопруг

Еспресо
Се вчитува....