17:47 - 26 ноември, 2026

(Видео) Здравко Чолиќ шокираше со потегот на концертот: Прво ја полеа публиката, па го шутна шишето меѓу обожавателите

Популарниот пејач Здравко Чолиќ на 25 јули одржал голем концерт во Требиње, каде што извел тричасовен музички спектакл пред околу 15.000 луѓе, а еден од неговите потези во текот на настапот особено го привлече вниманието на публиката.

На концертот пристигнале обожаватели од Требиње, како и од бројни градови во Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Хрватска, за заедно да ги отпеат најголемите хитови на еден од најпопуларните пејачи од овие простори.

Во текот на вечерта се нижеле песните што ја одбележаа богатата кариера на Чолиќ, а публиката наглас заедно со него го пеела секој стих, потврдувајќи дека неговите песни сè уште имаат посебно место меѓу сите генерации.

Сепак, еден момент од сцената се издвоил од останатите. Чолиќ среде концертот отворил мало шише со вода, а потоа ја испрскал публиката во првите редови, што предизвика воодушевување кај собраните обожаватели.

 

@ssatreb #zdravkocolic #Summer #friends #vine #trebinje ♬ original sound – Ssa Treb

Набрзо потоа, тој го шутнал празното шише кон публиката, а видеото од тој потег набрзо почна да се споделува на социјалните мрежи и предизвика лавина од коментари.

Слични објави

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо
Се вчитува....