17:57 - 26 ноември, 2026

(Фото) Северина ги најави новите песни облечена во провокативен фустан со танга

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ги заинтригира своите следбеници на Инстаграм со објава во која ја најави новата песна „Нисам крива ја (Безосјеќајна)“, а заедно со музичката најава, привлече внимание и со своето впечатливо модно издание. Пејачката откри дека станува збор за една од трите нови песни што планира наскоро да ги претстави на публиката.

На фотографиите, таа позира свртена со грб во тесен црн фустан со длабок отворен грб и ефектно кружно изрез на задникот, што дава впечаток дека носи танга. Креацијата е на познатиот бренд „Гучи“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)


Заедно со фотографиите, таа го споделила и стихови од новата песна: „Ни за жива глава немој да помислиш дека сум вистинската… Не сум јас виновна (Безчувствителна)“.

Освен оваа песна, Северина ги откри и насловите на преостанатите два сингла што ги подготвува.

Објавата во краток рок предизвика бројни реакции, а следбениците во коментарите особено го пофалија нејзиниот изглед и модниот избор и рекоа дека едвај чекаат да ги слушнат нови песни.

„Добро деколте“, ѝ порачала хрватската инфлуенсерка Ела Дворник.

„Фантастична“, „Честитки за стајлингот и изгледот, засекогаш ќе бидеш топ“, „Ма оваа жена може сè“, „Без конкуренција“ и „Лудило“ се само дел од коментарите што се нижеле.

 

 

 

Слични објави

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо
Се вчитува....