23:30 - 6 ноември, 2026

(Фото) Ева Величковска е новата Мис на Македонија: Ќе ја претставува земјава на изборот за Мис на светот 2026

Македонија ќе има своја претставничка на изборот за Мис на светот 2026, а честа годинава ѝ припадна на дваесетгодишната Ева Величковска, која ќе се натпреварува на еден од најпрестижните светски избори за убавина, што ќе се одржи во Виетнам.

Веста ја соопштија од организацијата „Мис Македонија“, која ја поседува лиценцата за националниот избор. Заедно со фотографија од Величковска во елегантен црвен фустан, ѝ посакаа успешна подготовка и достојно претставување на Македонија.

„Патот до Мис на светот 2026 започнува! Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Мис на светот 2026, што ќе се одржи во Виетнам. Ти посакуваме успех, инспиративно патување и блескав настап на светската сцена!“, порачаа од организацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISS MACEDONIA (@missmacedoniaorg)


Величковска има 20 години и студира на Славјанскиот универзитет во Скопје. Таа ќе ја наследи минатогодишната претставничка Чарна Невзати, која со својот настап остави позитивен впечаток на меѓународната сцена.

Објавата за новата македонска мисица предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Следбениците ѝ упатија честитки и пораки со поддршка, посакувајќи ѝ успешен настап на светскиот избор.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....