12.8 C
Скопје
00:28 - 5 мај, 2024

(Фото) Сите детали за роденденската забава на Мадона: Од бркање на зли духови до крстови, статуи на богородица, надреалистички маски…

Забава под месечината, вклучувајќи бројни здравици, храна, бакнежи со пријателите и позирања на ѕвездата споделени на социјалните мрежи: вака Мадона го прослави својот 64-ти роденден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Забавата била организирана во Ното, Сицилија, каде Мадона била гостинка во Феудо Кастелучио, сопственост на стилистката Луиза Бекарија. Ѕвездата, дотерана од Долче и Габана, го усогласи својот изглед и со нејзините најмали ќерки, близначките Естере и Стела, (9 години). Прославите продолжија во длабоко во ноќта, со смеа и музика, на прво место со „That’s Amore“, особено популарна песна и како саундтрак на „Стори“ што ги сподели ѕвездата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVEN KLEIN (@stevenkleinstudio)

Пејачката пристигна во Италија пред неколку дена, заедно со придружба од најмалку сто луѓе, вклучувајќи ги и најблиските пријатели поканети на забавата, вклучувајќи ги Маха Дахил Џексон, фотографот Стивен Клајн и менаџерот и писател Гај Озири.

За време на забавата не изостанаа моментите во полн „стил на Мадона“, вклучувајќи крстови, мини статуи на богородица и накит-маски инспирирани од надреалистите. Од се по нешто, како што е впрочем и традицијата, барем до сега, за италијанските забави на ѕвездата, која веќе неколку години има навика да дува свеќички во Италија.

Имало и моменти на бркање на лоши духови, како што сподели еден од драгите гости на Мадона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVEN KLEIN (@stevenkleinstudio)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVEN KLEIN (@stevenkleinstudio)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by STEVEN KLEIN (@stevenkleinstudio)

А како контраст на ритуалите, имаше и цела „епизода“ на бакнувања во уста со пријателките.

(Фото+Видео) Мадона два дена слави роденден на Сицилија, еуфорија и бакнежи (во уста) со жени

Дефинитивно помирно поминаа прославите за 22 годишниот роденден на синот на пејачката, Роко Ричи, роден на 11 август.

Роденденот на Роко се славел во Феудо Кастелучио (замок) во Сиракуза. За таа прилика, момчето, кое е сликар во Лондон и е веќе многу популарно и покрај неговата млада возраст, исто така се согласи на објавување на кадар со неговата мајка. Ретка можност за некој кој не користи социјални мрежи и кој претпочита живот далеку од рефлекторите, дотолку што работи под псевдоним за да се обиде да избега од вниманието на медиумите. Проблеми кои ни најмалку не ја засегаат мама, која ги користи социјалните мрежи како најсмешна игра, особено кога станува збор за прослава на важен настан.

Којзнае дали ќе се врати во Италија за 65от роденден и каде. Шансите се многу големи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....