10:09 - 7 ноември, 2026

(Фото) Шерон Стоун со фатален изглед на Филмскиот фестивал во Саудиска Арабија: Фустан со „вау“ шлиц во уште посмела нијанса

Американската актерка Шерон Стоун го посети Меѓународниот филмски фестивал „Жените во филмот“ што се одржува во Саудиска Арабија. Фотографии од настанот се појавија на Daily Mail.

64-годишната актерка се појави на црвениот тепих во храбар фустан во фуксија нијанса со прекриен горен дел, впечатлив шлиц од бутот и долга „опашка“. Ѕвездата од Основен инстикт го комплетираше изгледот со беж сандали на платформа со високи потпетици и масивен накит – обетки со обоени камења и часовник за обложен со дијаманти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SHARON STONE (@sharonstonefans)

Мора да се признае дека годините не ѝ можат ништо, земајќи предвид дека Стоун има полни 63 години.

Покрај Шерон Стоун, во Саудиска Арабија дојдоа и актерките Ел Мекферсон, Сара Сампајо и Фреида Пинто, како и поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни, за да го поддржат фестивалот „Жени во филмот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SHARON STONE (@sharonstonefans)

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....