11:40 - 13 ноември, 2026

Макрон во нова мисија, пак ќе разговара со Путин, но барањата на Западот за Москва се неприфатливи

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата поврзана со нуклеарната енергија во Украина.

Макрон рече дека ќе разговара со Путин по разговорите со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека не е прецизиран датумот на телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател и неговиот француски колега.

– Не е утврден прецизниот датум – изјави Песков за „Спутник“.

Од друга страна, пак, Русија соопшти дека го отфрла барањето на Западот за целосно повлекување од Украина како дел од преговорите за завршување на војната.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека претседателот Владимир Путин останува отворен за разговори, но oти барањето на Западот, Москва прво да ги повлече своите трупи од Украина, е неприфатливо.

Изјавата на Песков се случи додека Путин разговараше по телефон со германскиот канцелар, Олаф Шолц во петокот наутро.

Кабинетот на Шолц соопшти дека тој јасно му ставил до знаење на Путин „дека мора да има дипломатско решение што е можно поскоро, кое вклучува повлекување на руските трупи“.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо
Се вчитува....