20:26 - 28 ноември, 2026

(Фото) Ова е домот на Светлана Цеца Бојковиќ: Инспирација нашла од „Подобар живот“

Актерката Светлана Цеца Бојковиќ оствари блескава кариера, но една од највпечатливите улоги е онаа што ја одигра во серијата „Бољи живот“ (Подобар живот).

Истакната драмска уметница која живее во самото срце на Белград, еднаш истакна дека никогаш не страдала по луксуз и дека единственото нешто што ѝ е важно е што живее во центарот на градот, каде што пораснала.

И гледајќи во фотографии, може да се забележи дека станот на Цеца Бојковиќ има некои сличности со станот од споменатата серија Подобар живот.

– – Имам доволно пари. Работам доволно за да живеам удобно. Тоа удобно и пријатно не е луксузно, но за мене тоа ми е сосема доволно. Не возам автомобил, немам, живеам во центарот на градот, тоа е она што отсекогаш го посакував. Но, јас така пораснав – во Његошева, па во Страхињиќ бан, Косовска, а сега живеам во Нушиќева. Тоа е мојот животен круг – изјави во една прилика актерката за српските медиуми.

Домот на Цеца Бојковиќ се наоѓа во задскриено поткровје на стара автентична зграда, каде што се вратила по неколку години живот во Финска, кои ги поминала со нејзиниот сопруг Славко Круљевиќ, кој бил амбасадор.

Од малиот ходник влегувате во пространата дневна соба, од која продолжуваат кујната и трпезаријата, а преку спалната се стигнува до терасата.

Во нејзиниот дом се наоѓаат внимателно одбрани парчиња мебел во класичен стил, и бројни уметнички предмет, додека ѕидовите ги красат уметнички слики.

– Не сакам ултра модерни нијанси и затоа не сакам психоделични комбинации при бојадисување на ѕидовите. Не сум старомодна, но според мене на таквите модерни трендови во дизајнот на ентериер им недостасува топлина.

Сакам да гледам прави линии на стакло, но не и да бидам опкружена со нив. Јас сум повеќе класицист – истакна во една прилика актерката.

Станот изобилува и со детали донесени од патувања, но најголем украс на просторот се уметничките дела и сликите.

Домот на Цеца Бојковиќ е исполнет со спомени, стари фотографии и богата збирка книги.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....