13.8 C
Скопје
21:51 - 20 април, 2026

(ФОТО) НЕЈЗИНИТЕ РОДИТЕЛИ ИМАА БУРНА РОМАНСА ЗА ЕДНА ВЕЧЕР: 9 месеци подоцна се роди Ана Ермакова, ќерката на Борис Бекер

Ана Ермакова има 21 година и е позната како дете на љубовта помеѓу Борис Бекер и манекенката Ангела Ермакова. Имено, Борис и Ангела имаа едновечерна авантура во луксузниот ресторан Ноби во 1999 година.

Иако првично се тврдеше дека двојката водела љубов во плакарот за метли на популарен ресторан, Борис подоцна изјавил дека тоа се случило на скалите. Публицитетот што произлезе потоа придонесе за раскинување на првиот брак на Бекер со германската убавица Барбара Фелтус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)

Борис Бекер има две деца од бракот со Барбара, Ноа (27) и Елијас (21). Тој, исто така, има 11-годишен син, Амадеус, од неговиот последен брак со поранешната сопруга Лили, со која се ожени во 2009 година, пред да се разведе во 2018 година.

Борис доби заедничко старателство над Ана од нејзината мајка по битката во 2007 година, но сега вели дека тие двајца имаат добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Ermakova ✨ (@annaermakova1)


Во 2015 година, спортистот на јавноста ѝ  ја откри приказната за Ана и нејзината мајка во неговата автобиографија, откривајќи дека сè уште жали за ситуацијата затоа што го уништи неговиот брак и го отежна животот на неговата ќерка.

Тој напиша: ” Бев засрамен и многу тажен поради тоа што се случи, и поради начинот на кој се распадна моето семејство. Мајката на Ана и јас моравме да продолжиме да бидеме родители без никаква меѓусебна  врска на која можеме да се потпреме“.

Тој додаде: “Сега сум во добри односи со неа и нејзината мајка и се повеќе личиме на семејство. Не ја гледам Ана колку што би сакал, но јас и нејзината мајка работиме за да изградиме нормална врска , што не беше лесно со оглед на нашите лошите почетоци “.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Ermakova ✨ (@annaermakova1)


Денес, Ана е возрасна и независна жена. Се занимава со манекенство и е во среќна врска. И сите велат дека многу личи на нејзиниот славен татко, поранешниот тенисер Борис Бекер.

Слични објави

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо

Јована Јеремиќ повторно шокира: „Баба ми почина гледајќи филмови за возрасни“

Еспресо

Рале откри сè за односот со Ана Николиќ: „Имаме само еден проблем“

Еспресо

(Видео) Луксуз на јахта од 10 милиони евра – погледнете како уживаат Мелина Галиќ и нејзиниот сопруг по свадбената прослава

Е.А.
Се вчитува....