10:24 - 27 ноември, 2026

ОДГОВОРИТЕ ЌЕ ВЕ ЗАЧУДАТ: Богатите откриваат што сметале дека е нормално додека не сфатиле дека се привилегирани

живот

Децата од добростоечки семејства имаат голема предност во однос на своите врсници. Еден корисник на „Reddit“ одлучи да дознае повеќе за начинот на кој богатите родители ги воспитуваат своите синови и ќерки.

За да открие што го интересира, тој ги праша луѓето што растат во богати семејства, што некогаш мислеле дека е нормално додека не сфатиле дека тоа е всушност привилегија. Еве ги одговорите:

„Кога ќе скршев нешто, само ќе се пошегував дека сум несмасен и веднаш ќе го заменев тоа. Имав толку многу мобилни телефони, компјутери и камери што не можам ни да ги избројам. Дури кога станав возрасен, сфатив дека луѓето не ги фрлаат скршените или користени работи, туку всушност ги поправаат“;

„Мислев дека учеството во повеќе воннаставни активности е нормална работа. Сега кога ќе помислам колку моите родители потрошиле на моите часови по пливање, пијано, лизгање, балет, фудбал… леле“;

„Имавме куќна помошничка. Не знаев дека повеќето други семејства немаат“;

„Базен. Сите отсекогаш сакале да дојдат кај нас да го користат. Зарем немаат сите базен? Ох…“;

„Отсекогаш мислев дека моето семејство е сиромашно, бидејќи сите други во моето училиште имаа две куќи (нивната примарна резиденција плус куќа на плажа или куќа за скијање), а ние имавме само една“;

People who grew up rich, what’s something you thought was normal? from AskReddit

„Можноста да одиш на колеџ/училиште без да размислуваш за трошоците“;

„Мислев дека секој може да оди на годишен одмор секоја година“;

„Не знаев дека не е нормално секогаш да одам со лимузина на аеродром како што правеше моето семејство“;

„Во фрижидер секогаш имавме повеќе видови сирење. Бев шокиран кога сфатив колку е скапо сирењето кога се иселив од дома“;

„Никогаш не сум носела облека повеќе од двапати. Би ја дала во добротворни цели и само купував повеќе. Чевли исто така, имав повеќе чевли отколку што ми требаа“;

„Да очекувате автомобил како подарок за вашиот 16-ти роденден (и да го добиете)“;

„Мислев дека постои само прва класа во авион“;

„Имавме два фрижидери! Мислев дека тоа е нешто што секој го има дома“.

Слични објави

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо
Се вчитува....