22:19 - 9 ноември, 2026

(ФОТО) НАЈТАЖНИОТ БОЖИК ЗА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Ја откажа прославата, деталите на нејзиното работно биро кажуваат сè

кралица елизабета

Кралицата Елизабета ја откажа традиционалната прослава на Божик и ги растажи Британците во очи претстојниот празник.

Според официјалното соопштение од Бакингамската палата, овој Божик од превентивни причини кралицата ќе го помине во замокот Виндзор, каде што престојува од првите месеци од минатата година.

Честитката за своите сонародници и целиот светот ќе биде малку поинаква. Лична. Кралицата сè уште го оплакува својот сопруг, принцот Филип, кој почина на почетокот на април.

Новата фотографија од нејзината канцеларија, таканаречената Бела соба, потврдува дека таа испраќа најубави желби на нацијата со заедничка фотографија со покојниот војвода од Единбург, која урамена го краси нејзиното работно биро.

Фотографијата е направена во 2007 година, кога го прославија јубилејот, дијамантската свадба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Ова е првиот Божик кој кралицата Елизабета Втора ќе го дочека без него. Сепак, таа ќе има друштво – тука ќе бидат нејзиниот син, принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.

Иако зад неа е тешка година бидејќи го загуби својот животен партнер, Елизабета имаше и бројни причини за славје, доби уште четири правнуци.

Утре, кралицата Елизабета Втора традиционално преку видео линк ќе ѝ се обрати на нацијата.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....