01:40 - 29 ноември, 2026

(Фото) Меланија Трамп мета на критики: „Какво непочитување, секогаш ли мора да се истакнува“

Instagram

Поранешната прва дама на САД Меланија Трамп ретко се појавува во јавноста, но не ја пропушти комеморацијата во чест на поранешната прва дама Розалин Картер.

Меланија се појави во друштво на сегашната прва дама Џил Бајден, но и со поранешни американски први дами – Мишел Обама, Хилари Клинтон и Лаура Буш.

Сепак, нејзиниот изглед предизвика многу критики на социјалните мрежи.

Имено, за разлика од другите први дами, Меланија не облекла црно туку се појавила во сив капут.

„Какво непочитување“, „Секогаш мора да се истакнува“, „Зошто не облече едноставно црн капут“, се само дел од купот негативни реакции за модниот избор на Меланија.

Но, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана.

„Носеше црн фустан одоздола, можеби ѝ беше само ладно“, „И онака е најдобрата прва дама што Америка ја имала и не треба да се мери со другите“, се дел од коментарите на оние кои застанаа на нејзина страна.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....