15.7 C
Скопје
19:13 - 19 октомври, 2026

(Фото) Ламбе откри како живее од земјоделието во неговото родно Љубојно

Ламбе Алабаковски е горд на своето преспанско село Љубојно, а сега пејачот откри како живее од земјоделие во родното место. Во една прилика, за „Слободен печат“, тој прозборе за татко му кој живее во Љубојно.

„Татко ми е веќе пензионер и секогаш е на мојата страна и поддршка за сѐ, често знаеме и заедно да музицираме, да пееме така се одржуваме и во добра кондиција. Мило ми е што е вљубеник во природата и планината.

Уште чуваме и плочи и касети. Песните од Бадев, Васка Илиева Сариевски, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски беа секогаш пристуни кога бевме со гости“.

На новите видеа кои ги објави на социјалните мрежи, Ламбе кој во многу наврати има кажано дека неговото семејство се занимава со одгледување јаболка и други плодови, откри како се живее од земјоделие.

Јаболка, грозје, калинки, капини и друго овошје, сето ова го има во крајот на Ламбе, а пејачот му помага на семејството да го одгледуваат и во бербата.

Фото/ Фејсбук принтскрин

Во друго видео, мислејќи на загадениот воздуг во Скопје, тој објваил дел од убавините на природата на Љубојно, и со тажен емотикон ја објавил песната „Скопје“ од „Леб и сол“.

Фото/ Фејсбук принтскрин

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....