12:55 - 7 ноември, 2026

(Видео) Каспер сподели приватни снимки со Мина Костиќ, еве како ги поминуваат заедничките моменти по тешкиот период

Пејачката Мина Костиќ успеа да го надмине исклучително тешкиот и турбулентен период во кој престојуваше на психијатарската установа „Д-р Лаза Лазаревиќ“. Сега успешно се опоравила од сите здравствени проблеми. Во овие предизвикувачки моменти, нејзиниот емотивен партнер Мане Ќурувија, попозната по прекарот Каспер, ѝ беше голема поддршка. Тој сега се огласи јавно на својот инстаграм-профил и ѝ упати емотивни зборови на Мина.

– Таа ви рече дека јас сум неуморен, но погледнете ја неа, вечно девојче во срцето. Неуморна е колку желба има за пеењето. Мојата гордост – напишал Каспер и додал емотикон со бело срце.

– Љубовта нема правила – додал Каспер на следната инстаграм-приказна на кој ја снимил Мина како пее.

Да потсетиме, пејачката Мина Костиќ неодамна ја напушти психијатриската установа „Лаза Лазаревиќ“, каде што помина 23 дена, а нејзината здравствена состојба ја загрижи јавноста и нејзините роднини.

Нејзините соседи детално опишаа што се случило во деновите по нејзиното враќање, истакнувајќи дека пејачката по периодот на изолација во станот го напуштила Белград .

– Мина не сме ја виделе откако беше пуштена од „Лаза“. Откако дојде, не излегуваше од станот. Каспер беше со неа цело време во станот. Тој влегува и излегува одвреме-навреме, го шета кучето низ паркот, но од неа нема ни трага ни глас. Таа беше заклучена во куќата откако се врати од болница, но пред два-три дена отидоа некаде заедно. Слушнав дека отишле на море за да се опорави малку и да се оддалечи од сè некое време – рекле соседите на пејачката за српски „Курир“.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....