16:07 - 1 август, 2026

Тој тврдеше дека ја фатил во неверство, таа велеше дека се оддал на пороци — приказната за разводот на Гоца Тржан и Иван Маринковиќ

Поминаа повеќе од 15 години од разводот на српската пејачка Гоца Тржан и Иван Маринковиќ, но нивниот бурен крај на бракот и денес е тема за која често се зборува. Иако секој од нив ја раскажува својата верзија на приказната, вистината за тоа што навистина се случило никогаш не беше целосно разјаснета.

Иван Маринковиќ повеќепати раскажуваше дека уште пред да ја запознае бил голем обожавател на Гоца. Според него, се сретнале во 2005 година, кога тој работел во бутик во Белград.

„Искрено, бев голем фан на Гоца, едвај чекав да ја запознаам! Не ни сонував дека ќе успеам да ја освојам, а камоли да се оженам со неа“, изјави своевремено Маринковиќ.

Двојката се венча, а во 2007 година ја добија ќерката Лена.

„Тоа беа години кога многу се сакавме. Имавме и многу кризи, но и многу убави моменти што ќе ги паметам цел живот“, рече Иван.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @estradni.arhiv


Во текот на бракот, Гоца често зборуваше дека сопругот ѝ е голема поддршка и дека успешно ги надминувале сите проблеми.

„Иван е покрај мене што и да правам. Ме критикува кога треба и ме пофалува кога ќе заслужам. Тој е мојот глас на разумот“, изјавуваше тогаш пејачката.

Во еден период Иван се соочил со сериозна здравствена состојба – енцефалитис, односно воспаление на мозокот. Гоца подоцна откри дека токму тогаш му го спасила животот.

„Буквално му го спасив животот. Не можеше да ги контролира своите постапки, беше како рането животно. Брзата помош и полицијата мораа да интервенираат, а потоа беше на апарати, како во кома“, раскажа таа.

Но, нивниот брак заврши во 2011 година, по што следуваше долг јавен конфликт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @ivan.marinkovic.smekeri


Маринковиќ тврдеше дека причината за разводот било неверството на Гоца.

„Почнав да се однесувам како детектив. Ја следев и ја фатив со друг маж. Се обидов да преминам преку тоа, но не успеав. Затоа и се разведовме“, изјави тој.

Гоца категорично ги негираше овие тврдења и објасни дека причината за крајот на бракот била сосема поинаква.

„Не можев да живеам со некој што пие и се коцка. Сакав да поправам сè, но тој немаше капацитет да се носи со мене и со мојата енергија. Не велам дека само тој е виновен, виновни сме двајцата, но никогаш не сум го изневерила“, изјави пејачката.

Таа истакна дека не сакала нивниот развод да стане медиумски спектакл.

„Не сакав да дојде до оваа ситуација. За танго се потребни двајца, па така и за развод. Не сум единствено виновна, но не сум ни прељубница. Да сакав да изневерувам, одамна ќе излезев од бракот“, рече Гоца.

Од своја страна, Иван тврдеше дека направил сè за да го спаси семејството.

„Сè би дал да го спасам семејството, но некој друг не беше подготвен за тоа. Јас бев тој што си замина и се плашев дека нашата ќерка ќе помисли дека сум ја напуштил“, изјави тој.

По разводот, Иван стана познат по учеството во реални шоуа, а неговиот однос со ќерката Лена со години беше нарушен.

„Лена не сум ја видел четири години. Комуницираме преку пораки, но не сакам да ја притискам. Се надевам дека повторно ќе се зближиме“, рече Маринковиќ.

Слични објави

(Видео) Каспер сподели приватни снимки со Мина Костиќ, еве како поминуваат заеднички моменти по тешкиот период

Еспресо

Детален љубовен хороскоп за август: Стрелците ќе избираат меѓу две опции, Вагите ќе бидат посакувани

Т.Ц.

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ со емотивна порака до Немања Гудељ по раѓањето на синот: „Повторно би ја поминала секоја болка“

Еспресо

Летна салата со кајсии, смокви и ореви – готова е за 10 минути и е преполна со хранливи материи што го чуваат срцето

Т.Ц.

Ме направивте среќна жена: Наташа Беквалац, Ацо Пејовиќ и Саша Матиќ го преполнија охридскиот стадион

msp-admin

Љубовна приказна од кралските кругови: Бугарскиот принц Мирко ја запроси својата избраничка

Еспресо
Се вчитува....