18:57 - 6 ноември, 2026

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

Македонската водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска одлучи да направи кратка пауза од секојдневните обврски и да си приреди неколку дена одмор во соседна Бугарија. По патувањата во Ница и Прага, овојпат избра помирна дестинација, во подножјето на планината Пирин.

Спенџарска престојува во хотелски комплекс меѓу Разлог и Банско, каде што ужива во спа-содржините, планинскиот амбиент и времето посветено на себе.

Дека одморот ѝ годи, покажа и со фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи. Со препознатливата смисла за хумор, Јелена призна дека толку ѝ се допаднало што почнала да размислува дали воопшто да се врати дома.

„Дојдов на неколку дена да одморам, а сега размислувам дали воопшто има потреба да се враќам дома.

Планини, базени, спа, ресторани, прошетки… и најголемата дилема во денот: прво масажа или прво кафе?

Искрено, вакви проблеми сакам да имам почесто“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Но, покрај релаксацијата во топлите базени, водителката се одлучи и за нешто поинакво. И покрај ниските ноемвриски температури, таа се осмели да влезе во студен базен на отворено.

Своето искуство го сподели со следбениците, шегувајќи се дека по ваквиот предизвик можеби ќе ѝ бидат потребни и лекарства. Сепак, според нејзините впечатоци, студената вода ѝ годела.

Слични објави

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Зорица Марковиќ за преживеаната клиничка смрт: „Ја видов белата светлина“

E.A.

Драгана Мирковиќ искрено за својата неостварена желба: „Не можев да имам трето дете, многу страдав“

Еспресо
Се вчитува....