9.8 C
Скопје
23:09 - 19 октомври, 2026

(ФОТО) ХРАМ НА ЉУБОВТА: Во Нови Сад ќе се гради несекојдневен музеј посветен на Џоле

Во Нови Сад, во рамките на Универзитетскиот парк е предвидено да се изгради музеј посветен на починатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Музејот е спонзориран од Фондација Балашевиќ и Заводот за урбанизам и ќе се простира на површина од 500 метри квадратни, ќе има галериски простор, мултимедијална и меморијална сала како и други простории, а сега се знае како ќе изгледа благодарение на фотографиите што ги објави Оливера Балашевиќ.

„Ѝ ветив на Симона дека на нејзиниот роденден, во името на тие „девет свеќи на тортата…“ заедно ќе откриеме на што работев претходните месеци. Таа сè уште не го знае значењето на зборот „фондација“, бидејќи не сме стигнале до толку комплицирани зборови, но ќе се обидам да ѝ објаснам дека тоа е институција поради која се трудите да правите сè што ви е доверено доследно и одговорно, напиша Оливера и продолжи:

(ВИДЕО)ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА БАЛАШЕВИЌ: Ќерката Јелена проговори за прошталното писмо на Панонскиот морнар

Фондацијата Балашевиќ е основана во името на Симона и Петре, бидејќи само децата се вистинско наследство, а она што ќе се чува под куполата на „Ateljea Snova“ се формули на љубов и добрина како еден вид патоказ поставен од нивниот Џоле“, завршува Оливера.

Подарокот на Балашевиќ за неговиот град нема да биде класичен и „досаден“ музеј туку, ќе има 11 соби именувани според песните на авторот и во кои посетителите ќе може и да преспијат. Планирано е музејот да работи 24 часа. На кровот ќе се гради купола за да се гледа месечината, пренесува „Курир“.

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....