26.6 C
Скопје
18:57 - 8 јули, 2026

(ФОТО) ДЕЛОВИ ОД ТЕЛОТО „ЗАБРАНЕТИ“ ЗА ТЕТОВИРАЊЕ: Прочитајте внимателно!

Колку и да сте љубител на тату – уметноста и тетоважите, подобро е да оставите некои делови од телото „недопрени“.

Тетовирањето е тренд чија популарност не опаѓа, туку напротив се повеќе расте. Истражувањата покажуваат дека околу 43% од луѓето прават тетоважи со симболика кон своите сакани , а за 37% од нив тие се „стилски додаток“ во форма на мотиви што ги сакаат или некои цитати.

Фото: Unsplash

Колку и да е популарно и безбедно тетовирањето, има места каде што никогаш не треба да се прават тетоважи.

Лактот

Експертите не препорачуваат тетоважи на лактот бидејќи мастилото е тешко да се задржи бидејќи кожата на лактите е подебела така што ќе треба многу повеќе поминување со тату – игла со мастило. Исто така, ако лактите ви се природно суви постои голема можност тетоважата брзо да исчезне.

Фото:Пиксабај

Под пазувите

Пазувите се веројатно најлошите места за тетоважа поради чувствителноста, па тетоважата веројатно би била неподносливо болна.

Фото: Инстаграм

Колена и зад колената

Кожата на коленото, како и онаа зад коленото е исто така многу чувствителна и има многу нервни завршетоци, па затоа процесот на тетовирање би бил болен и непријатен.

Фото: Инстаграм

Прсти и дланки

Многу популарни места за тетоважи, но експертите велат дека не е препорачливо да се тетовираат прсти и дланки бидејќи овие места се секогаш директно изложени на сонце, па тетоважата на нив може многу брзо да исчезне. Покрај тоа, тетоважите на страните на прстите често бледнеат и тетоважата за само некој месец ќе изгледа многу лошо..

Фото: Инстаграм

Ребра

Тетоважите на ребрата може да изгледаат одлично, но болката, велат експертите, е многу голема, а процесот на опоравување може да трае долго. Кај жените, заздравувањето може да трае многу подолго поради носењето на градник, кој може и дополнително да ја иритира областа.

Фото: Инстаграм

Лице

Покрај чувствителната на кожа на лицето и бројните нервни завршетоци, мајсторите за тетоважа велат дека тетоважата на лицето веројатно ќе трае само две до три години поради секојдневното миење на лицето и изложеноста на сонце.

Ако навистина се одлучите да го тетовирате лицето, дефинитивно треба да користите крема со фактор на тетоважата. Исто така, тоа е тетоважа што никогаш не можете да ја скриете – затоа треба добро да размислите дали е соодветна за вас во сите животни ситуации што ве очекуваат.

Фото: Инстаграм

Глуждот и потколеницата

Поради триење кое настанува при носење на  чевли и чорапи, областа на глуждот и долниот дел на ногата не е „благодарна“ за тетовирање бидејќи светлите бои на тетоважата брзо се губат. Исто така, болката е приближно иста како и кај тетоважите на ребрата, пишува Bright Side.

Слични објави

Гоца Тржан денеска го слави 52-от роденден, а прв јавно ѝ честиташе поранешниот сопруг Иван Маринковиќ

Еспресо

(Фото) Вака изгледаше Ана Севиќ во венчаница кога му кажа „да“ на Даниел

Еспресо

На Слаткар не му е чудно што е мета на критики: „Собираа потписи за да ми го откажат првиот концерт во 2009 година“

Еспресо

(Фото) Адам Сендлер повикал полиција по свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси — побарал нешто сосема неочекувано

Еспресо

Дејан Милиќевиќ откри необичен пропуст во легендарниот спот на Цеца: „Не сум нормален…“

Еспресо

„Малер си да се родиш овде“: Искра Канзурова со уште една лута објава

Еспресо
Се вчитува....