16:27 - 8 ноември, 2026

(Фото) Британски паб лансираше пиво „Горчлив Хари“ со исмејување на принцот (и Меган) по документарецот: „Слабо е како неговиот истоименик“

Британски сопственик на паб лансираше пиво кое набргу стана хит. Новото пиво е одговор на документарниот филм за принцот Хари и Меган Маркл, а се вика „Горчлив Хари“.

Премиерата на документарната серија „Хари и Меган“ се одржа на 8 декември на Нетфликс и предизвика различни реакции кај гледачите.

Сопственикот на еден популарен британски паб, очигледно го гледал документарниот филм „Хари и Меган“ и си има свој впечаток на ова прашање. Така, тој решил новото пиво да го нарече „Горчлив Хари“.

– Му благодариме на пабот „Дјук фром Сасекс“ во Чисвик, Западен Лондон, за овој одличен британски одговор на жалниот документарец на Нетфликс за Хари и Меган. Како што доликува, „Горкиот Хари“ со содржина на алкохол од само 3,9% е слаб како и неговиот истоименик“, напиша на Твитер еден од оние кои веќе го пробале новото пиво.

Твитер

Логото на пивото го прикажува принцот Хари во црвена, бела и сина боја.

„Ова е смешно“, „Вилијам и Кејт треба да дојдат и да се напијат“, „Ја сакам британската смисла за хумор“, напишаа другите корисници на социјалната мрежа.

Имаше и такви кои застанаа во одбрана на принцот Хари и ги сметаа шегите непримерни.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....