11:20 - 29 ноември, 2026

Фановите згрозени од ХУРЕМ: Блесна на насловна на руски „Хелоу“ – „Парите се поважни од образот?“

Многумина веруваат дека нејзиниот молк зборува погласно од зборовите и дојдоа до заклучок дека Хурем не ја осудува руската агресија, па затоа не е чудно што нејзините социјални мрежи се преплавени со негативни коментари.

Мерјем Узерли, актерката која се прослави низ целиот свет со улогата на фаталната султанка Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, предизвика лавина негативни коментари на социјалните мрежи, а причината, според многумина, е сосема оправдана.

Имено, убавата актерка позираше за насловната страница на руското издание на популарниот магазин Hello, а веројатно не ни сонувала дека поради тоа ќе се соочи со негативни коментари. Овој потег ја згрози јавноста бидејќи улогата што ѝ донесе светска слава е всушност улогата на личност родена во Украина разурната од војна, а станува збор за добро познатата Хурем.

Фановите не можат да разберат како таа може да соработува со руски новинари додека многу ѕвезди испраќаат помош  и поддршка за Украина, а бројни земји воведуваат санкции за Русите. И дека нешто „необично“ се случува, заклучија фановите откако еден месец Мерјем не објавувала ништо на социјалните мрежи.

„Дали парите се поважни од образот?“, „Деца умираат поради руските напади, а вие позирате за нивната насловна страница? Срамота“, „Бев твој верен обожавател, но сега ми се гадиш“, се само дел од коментарите на Инстаграм.

Секако, секоја приказна има две страни, па некои со ентузијазам ја дочекаа оваа насловна страница.

Слични објави

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо
Се вчитува....