8.8 C
Скопје
00:15 - 20 октомври, 2026

ЏУЛИЈАН АСАНЖ и СТЕЛА МОРИС СЕ ВЕНЧАА ВО ЗАТВОР: Тој во килт, таа во венчаница од Вивиен Вествуд

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, вчера (среда, 23 март) се ожени со една од неговите поранешни адвокати, Стела Морис, родена во Јужна Африка во 1973 година.

Церемонијата се одржа во британскиот затвор со максимална безбедност, од каде Асанж продолжува да се бори против неговата екстрадиција во САД. .

Двојката првпат се запознала во 2011 година кога Морис му се придружила на меѓународниот правен тим кој го води случајот. Од нивната врска, која започна во 2015 година, се родија две деца (Габриел и Макс), зачнати кога Асанж живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон, од 2012 до 2019 година.

На церемонијата, одржана во вообичаеното време за посета, присуствуваа само двајца службеници за безбедност, четворица гости и двајца сведоци – како што објави групата „Не го екстрадирај Асанж“.

Британската дизајнерка Вивиен Вествуд, која отсекогаш била вклучена во одбраната на Асанж, го дизајнираше килтот што младоженецот го носеше за таа пригода – во знак на почит на „шкотското потекло“ на неговите родители, како и венчаницата на Морис. „Храбра“, „непопустлива“, „слободна љубов“, се дел од записите извезени на превезот.

Во Обединетото Кралство, затворениците можат да аплицираат за да се венчаат во затвор според Законот за бракови од 1983 година.

Морис, по повод венчавката, започна со собирање средства за правните трошоци за случајот на нејзиниот сопруг, и веќе се собрани над 177.000 фунти.

„Многу сме возбудени, и покрај ограничувањата“, вели Морис во долгото писмо објавено од „Гардијан“.

„Денес е денот на мојата свадба. Се омажив за љубовта на мојот живот. Мојот сопруг и татко на нашите две деца, прекрасен, интелигентен и забавен човек, кој има длабоко чувство за доброто и злото и е познат низ светот по неговата храбра работа…“

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....