18:54 - 7 ноември, 2026

Елена „Живот со стил“ на втор меден месец, еве како Бојан ја разгалува

Во најромантичниот град со својот сопруг, ужива водителката Елена Стефановска-Најдоски позната по прекарот Елена- живот со стил. Таа објави слики од нивниот заеднички одмор.

Елена и Бојан Најдоски шетаат низ најубавите места во Париз, уживаат во убави ручеци со добро вино, како да се на втор меден месец на кој се гледа како сопругот ја разгалува.

Фото/ Инстаграм

За потсетување, Елена се омажи за Бојан во 2022 година, и направија свадба со стил, која ја отвори Павле Камиловски со песна од Андреа Бочели.

-Клучот за да функционираме успешно кај нас беше што од самиот почеток си ги прифативме сите несовршености. Ниту еден од нас не се трудеше да го промени другиот.

Фото/ Инстаграм

Откако сум во брак, моите навики малку се променија во поглед на тоа дека сега сум повеќе ориентирана кон домот и семејството, и најсреќна сум во моментите поминати со мојот сопруг.

Фото/ Инстаграм

Често одиме на патувања на различни дестинации што најголем дел се испланирани од Бојан како изненадување за мене, но еднакво уживам во моментите поминати дома, особено кога Бојан ќе зготви некое вкусно јадење“, рече Елена која порано ја водеше емисијата „Живот со стил“ во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....