04:23 - 9 ноември, 2026

Џорџина Родригез проговоре за загубата на синот: „Срцето ми е скршено, но децата ме спасија“

Џорџина Родригез, девојката на Кристијано Роналдо, потпишала договор со Нетликс за снимање на втора сезона на автобиографското реално шоу „Јас сум Џорџина“.

На неодамна одржаниот шпански телевизиски и филмски фестивал беше прикажан дел од продолжението на проектот, а присутните имаа можност за првпат да ги слушнат размислувањата на Џорџина на болната тема – загубата на нејзиниот син на почетокот на годинава.

Да потсетиме дека за време на породувањето едното бебе (синот) не успеа да преживее, додека ќерката Бела Есмералда успеа да победи во голема битка за живот.

„Животот ми даде толку многу за толку кратко време. Оваа година во еден миг го доживеав најдобриот и најлошиот момент во мојот живот. Голем дел од моето срце се скрши и се прашував како да продолжам понатаму. Одговорот го имав поблиску отколку што мислев. Погледнав во очите на моите деца и таму го видов единствениот начин тоа да го направам, да бидеме сите заедно. Ме спасија“, признала убавицата.

Се очекува премиерата на реалното шоу да се случи следната година.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....