9.8 C
Скопје
03:48 - 19 март, 2024

Која е Џорџа Мелони приватно: Политичарка без диплома, обожавателка на Толкин, мајка на прваче, борец со трауматично детство…

„Сакам да ја обединам Италија“, утрово во 2.40 часот изјави Џорџа Мелони, претседателка на десничарската партија Браќа на Италија, родена врз пепелта на Националната алијанса. Првата изјава на Мелони дојде на основа на анкетните податоците, дека токму таа ќе формира влада која ќе ја предводи. Умерен говор, во тон и во зборови, а клучниот збор е „одговорност“. Но, која е Џорџа Мелони, која ја зголеми довербата на својата партија од 4 отсто на 26% од 2018 година?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Meloni (@giorgiameloni)

Напуштена од татко ѝ

Како што кажа и самата Џорџа Мелони во нејзината автобиографска книга „Јас сум Џорџа“, како девојченце била напуштена од татко ѝ, кој всушност ја напуштил и сопругата и двете деца (Џорџа и сестра ѝ Аријана) уште кога биле мали.

„Мајка ми имаше многу тешкотии во животот, сама одгледа две ќерки. Нејзе ѝ должам сè. Нејзиното расудување е едно од ретките од кое најмногу се плашам. Таа беше мојот водич“, рече Мелони.

За својот татко, кој исчезнал, таа секогаш имала многу остри зборови: „Тој замина од дома кога имав една година. Живееше на Канарските острови и одевме кај него една, две недели годишно и толку. Кога имав единаесет години, тој ми одржа говор каков што не треба да се држи на мало девојче и му реков „Не сакам да те видам никогаш повеќе“. Кога умре, навистина немав емоции, како да е странец“.

Мелони често ја наведува траумата од детството од која, вели, се излекувала многу години подоцна: „Сета таа болка, што си ја признав по години, ме направи толку храбра и борбена. Напуштање на татко ве прави да се чувствувате неадекватно. Како да мораш да победиш сè со тешкотија“.

Нејзината сестра пак, Аријана, е како што вели нејзин интимен доктор, нејзин светилник во кариерата: „Само таа може да си дозволи да ми каже одредени работи. Слушам и молчам“, рече Мелони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arianna Meloni (@arianna.meloni.5)

Не завршила факултет

Џорџа Мелони завршила средно лингвистичко училиште и течно зборува англиски, француски и шпански. Таа не ги продолжила студиите на универзитет, а за тоа зборуваше на еден од изборните митинзи на оваа изборна кампања во Џенова: „Ме исмејуваат затоа што не дипломирав. Не можев да дипломирам. Се издржував. Учев, веќе се занимавав со политика, имав толку многу работи“, изјави таа од сцената.

Политичката кариера

Џорџа Мелони е родена во Рим на 15 јануари 1977 година. Почнала да се интересира за политика како тинејџерка, а на 19-годишна возраст станала шеф на студентското движење на новородената партија на Џанфранко Фини, Алеанѕа Национале. Помеѓу 1998 и 2000 година била активна како провинциски советник на Рим, а подоцна станала претседател на Ационе Џовани (Младинска акција). Во Собранието влегла во 2006 година, на 29-годишна возраст, како пратеничка и беше именувана за заменик-претседател на Домот на пратеници. Силвио Берлускони тогаш ја повика, во 2008 година, да биде министер за млади во неговата последна влада, која заврши во 2011 година со ширењето на кризата и доаѓањето на владата на Марио Монти. По искуството на Пополо дела либерта  – како што се нарекуваше централнодесничарската партија – во 2012 година со Игнацио Ла Руса и Гвидо Крозето ја основала партијата Браќа на Италија и две години беше претседателка на партијата.

Во 2016 година таа се кандидираше за градоначалник на Рим, добивајќи 20,64 отсто од гласовите, но не го поминува првиот круг.

На политичките избори во 2018 година, Браќа на Италија се претстави, како и денес, со централнодесничарската коалиција, добивајќи 4% од гласовите, зад Лега и Форца Италија. Консензусот порасна  на 6,5% во 2019 година на европските избори, а во 2020 година е избрана за претседател на Партијата на европските конзервативци и реформисти.

Страст за Толкин

Како што пишува Њујорк Тајмс неколку дена пред гласањето, како млада Џорџа Мелони присуствувала на таканаречените Хобитски полиња, собири на кои младите луѓе го користеле јазикот и симболите на хобитите од „Господарот на прстените“ на Толкин за да изградат нов десничарски наратив, ослободен од знаците на фашизмот и постфашизмот. Дури и нејзината сестра Аријана се присети на страста на Џорџа кон Толкин, која често го спомнува авторот во своите говори.

Има партнер кој гласа за левицата

Седум години Џорџа Мелони е партнерка на новинарот на Медиасет, Андреа Џамбруно, кој е 4 години помлад од неа и со кој ја има ќерката Гиневра (6 години). Мелони се пожали дека „непријателот“ ѝ е дома, зашто Џамбруно , роден во Милано, гласа за Левица и двајцата имаат различни мислења за, на пример, правата на ЛГБТК + заедницата.

Двојката живее во Рим и не е во брак. Џамбруно, по средно училиште и диплома по филозофија на Католичкиот универзитет во Милано, стана телевизиски новинар и автор на различни информативни програми, како што се Матино 5 и Студио Аперто. Многу резервирано се појавува на фотографиите кои Мелони ги објавува на своите социјални мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Meloni (@giorgiameloni)

Ќерката Гиневра и љубовта

Џорџа Мелони не пропушта да ја спомене својата ќерка во многу нејзини политички расправии. „Јас сум мајка“ стана своевиден слоган што денес го користат сите. Среде предизборната кампања, училиштето започна и Гиневра (6) тргна во прво одделение: Мелони сподели порака до својата ќерка на социјалните мрежи, за да го прослави првиот училишен ден.

На фотографијата девојчето е во друштво на мајка си,  која ја држи за рака, додека во другата рака го држи ранецот-количка. Детал кој не останува незабележан.

„Се држиме за рака додека се справуваме со нашите најтешки предизвици“, напиша Мелони, а потоа продолжува – „само љубовта може да ви ја даде потребната енергија за никогаш да не ја спуштите главата, да не се изгубите, да не се определите за пократки патишта. Направете го тоа со љубов и никој нема да ве спречи“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Meloni (@giorgiameloni)

Слични објави

„Немам дечко веќе 40 дена“: Дара Бубамара отворено за мажите и врските

Еспресо

(Видео) Лозано има нова песна, слушнете ја „Бариера“

еспресо

Невкусен мајтап на Ким Кардашијан на сметка на „исчезнатата“ принцеза: „Одам да ја најдам Кејт“

еспресо

(Видео) Теа Таировиќ провоцира: Пејачката заводливо танцува во тесни хеланки

jasmina.kantardzieva

(Фото) Популарниот диџеј Дејвид Гета третпат стана татко: „Сијан, добредојде“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од Амиџиќ со синот: Мина „улови“ емотивен момент, Огњен го држи Перун на градите

Еспресо
Се вчитува....