22.8 C
Скопје
17:50 - 2 октомври, 2026

Ријана ќе го одржи првиот концерт по пет години: Од Супербоул ќе направи невиден спектакл

Пејачката Ријана, која оваа пролет стана мајка, ќе го одржи својот прв концерт по пет години. На својот Инстаграм профил пејачката објави фотографија со топка, навестувајќи дека ќе настапи на Супер Боул 2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

На социјалните мрежи се појавија и гласини дека Ријана на овој концерт би можела да го претстави својот нов албум. Претстојниот настап на Ријана на Твитер го коментираше раперот Џеј Зи.

„Ријана е талент кој се појавува еднаш во генерација, жена со скромно потекло која ги надмина сите очекувања. Жената, која е родена на островот Барбадос, стана една од најистакнатите уметници на сите времиња“.

Во мај оваа година, Ријана роди син од нејзиното момче, раперот A$AP Rocky. За време на бременоста, пејачката беше во центарот на вниманието поради нејзините фотографии на кои гордо го покажуваше стомакот облечена во есктравагантни модни комбинации.

Бременоста на пејачката остана во сенка и од низа скандали поврзани со нејзиниот партнер. Така, раперот беше обвинет за пукање: музичарот беше уапсен на аеродром, а неговата куќа беше претресена. Претходно пак, во медиумите се појавија гласини дека раперот ја изневерува пејачката со нејзината пријателка, дизајнерката Амина Муади, додека сосема друга жена исто така откри дека тој флертувал со неа на Интернет.

 

Слични објави

Весна Петрушевска се присети на болното искуство од детството и откри низ што поминувала нејзината ќерка Мина

Еспресо

Ана Николиќ реши засекогаш да ја напушти естрадата: „Подготвувам турнеја и проштален албум“

Еспресо

Кога мајка ми имаше тумор, а татко ми беше во притвор, Слаткар ми помогна: Емотивна приказна на Тајзи

Еспресо

Ивана Селаков со години се борела за потомство, а потоа следувал нов предизвик со ќерката: „Четири години не јадеше нормално“

К.С.

Наместо романтична порака, апарат за притисок: Тања Кочовска во свој стил ја одбележа годишнината од бракот со Предраг

Еспресо

(Фото) Каролина се гушка со мајка си, ужива со Михаил и внуките: „Септември беше убав“

К.С.
Се вчитува....