Девојката на Виктор Живојиновиќ, Александра Гашиќ, сподели дел од своето слободно време на социјалните мрежи, а со објавата откри и едно заедничко хоби со синот на познатата пејачка Лепа Брена. Дека двајцата се љубители на видеоигрите покажала со фотографија од станот на Виктор, на која седи пред компјутер со гејмерски слушалки и ја игра популарната игра „ГТА 5“ (GTA V).
Александра ја искористила приликата и на духовит начин објаснила како таа и нејзиниот партнер се договараат кога станува збор за користењето на компјутерот и играњето.

„Јас играм ГТА 5, додека мојот дечко не ја заврши шестката, па потоа јас преземам“, напишала таа, а потоа додала:
„Компромисно решение за мир во домот“.
Со оваа објава открила дека двајцата имаат слични интереси, но и дека пронашле начин секој да ужива во омиленото хоби без да му пречи на другиот.
Инаку, Александра неодамна се преселила кај Виктор, во неговиот луксузен стан во Нов Белград, чија вредност се проценува на околу 700.000 евра.
Станот се наоѓа на 40. кат од зграда, а Виктор и претходно на социјалните мрежи споделувал фотографии и видеа од делови од својот дом.
Нивната врска сè почесто привлекува внимание во јавноста, а Александра редовно објавува моменти од приватниот живот на својот профил на Инстаграм.
Александра неодамна се најде на мета на коментари за својот физички изглед, по што одлучи јавно да им одговори на оние што ја критикуваа.
Таа тогаш со доза хумор објасни дека нејзиниот партнер е одличен готвач и дека ужива во храната што ја подготвува.
„Нему сум му најубава. И да, мојот дечко многу убаво готви, па качив некое килце. Немојте да бидете толку строги. Тој ме избра“, им порача Александра на критичарите.
