11.8 C
Скопје
16:58 - 21 април, 2026

Барате сезонска работа во Хрватска, Црна Гора, Италија? Има на претек, платите – исти како лани!

Без разлика дали се работи за келнери или за работа на градежништво, во месеците што следуваат понудата е прилично голема за работни места во поранешните југословенски републики. Само во Хрватска е објавено дека за претстојната летна сезона се потребни околу 35.000 работници.

На Хрватска ѝ недостасуваат 35.000 работници

Од 150.000 работници кои ѝ се потребни на Хрватска за претстојната летна сезона, меѓу 30.000 и 35.000 моментално недостасуваат, соопшти Хрватската служба за вработување.

Иако Хрватска законски го регулираше ангажманот на сезонски работници, сепак многу сезонски работници од пазарот на трудот одлучуваат да заминат во странство.

Ниту платите не се мали, на пример, платата за готвач се движи од 2.000 до 2.500 евра, за келнер околу 1.000 евра плус бакшиш, а другите помошни работници можат да очекуваат плати од 500 до 1.000 евра. Треба да се напомене дека кога ќе ги погледнете огласите на Интернет, со овие плати речиси сите работодавци нудат сместување, а многу голем број од нив обезбедуваат оброци на своите вработени.

Црна Гора увезува сезонци

Проблемот со недостигот на работна сила е нешто со кое Црна Гора се соочува долги години. Оваа земја на почетокот на годинава ја зголеми побарувачката за работници, бидејќи како и во случајот со Хрватска, официјални извори од Црна Гора наведуваат дека главната причина е бегството на домашната работна сила во странство.

Како и минатата година, во Црна Гора се очекуваат високи плати за сезонските работници. Огласите на интернет нудат плати на шанкери од 800 до 900 евра, за келнерите малку пониски, околу 700 евра, колку што работодавците се подготвени да платат и за помошник готвач. На готвачите им се нудат плати од 1200 евра па нагоре. Се разбира, во „полуксузните“ одморалишта цените на работната сила се значително повисоки.

Исто така, тамошните работодавци се повеќе се интересираат за работна сила од далечните пазари, на пр. Кина, Филипини, Мексико итн.

Во Италија фалат дури 250.000 работници

И Италија се соочува со сличен проблем како земјите од регионот. Италијанците се помалку ги интересира каква било работа, па дури и сезонска бидејќи, како што велат, многу работи се претешки и слабо платени.

Според министерот за туризам Масимо Гараваља, само во туристичкиот сектор годинава недостасуваат 250.000 работници, па затоа е се потешко да се најдат келнери, готвачи, рецепционери и друг персонал.

На оваа земја ѝ недостигаат берачи на овошје, физички работници, портири, столари, чистачи, градежни работници, занаетчии итн.

Слични објави

Мисица почина на 31 година, никој не можеше да ја претскаже оваа трагедија

Еспресо

„Децата знаеја пред мене“: Харис Џиновиќ си ја отвори душата за разводот од Мелина

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска и Рубин вљубени како тинејџери, споделија нов момент на среќа

Еспресо

Љубовта меѓу Тигар и Јеремиќ пред олтар? Тој ѝ испрати силна порака на Јована: „Бог нè спои“

Еспресо

Северина слави 54 години – Роденденската забава започна уште за викендот, вечерва продолжува „на најсилно“

Е.А.

По долго време, слика од водителката Иванна Хаџиевска се појави во јавноста

Еспресо
Се вчитува....