12.8 C
Скопје
09:48 - 23 април, 2026

Ако сте „среќници“ Цеца може да ви пее на свадба, хонорарот ѝ е 1.000 евра на минута, 3 илјади евра по песна или 30.000 евра за половина час

Естрадната ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапи на свадба како специјален гостин, а цената на нејзиниот хонорар за само половина час пеење изнесуваше дури 30.000 евра.

Пејачката која претходно наводно наплатувала 25.000 евра за еден час пеење, овој пат малку ја подигна цената, пренесуваат српските медиуми.

Кога младенците ја повикале да биде специјална гостинка, нејзиниот тим договорил Светлана да биде на свадбата половина час, а цената за тој настап е 30.000 евра. Бидејќи една песна во просек трае три минути, Ражнатовиќ можела да отпее најмногу десет песни за 30 минути, па според таа пресметка овој брачен пар платил 3.000 евра по песна.

Кога се појавила во свечената сала  каде била организирана свадбената веселба, присутните гости буквално скокнале од столчињата и се собрале околу пејачката.

Бројни мобилни телефони биле насочени кон Цеца, која настапот го започнала со песната „Београд“.

 

Слични објави

(Фото) Данијела Димитровска слави 39. роденден – проѕирна маичка, шампањ и романтичен подарок од сопругот

Еспресо

Драгана Левенска со повредена рака по судир со тротинет: „Се разбравме, но сите да внимаваме“

Еспресо

Хороскоп за 23 април: Биковите ќе бидат популарни меѓу колегите, Девиците ќе бидат трпеливи во работата

Еспресо

Николина Пишек за судењето што трае веќе 5 години: „Мојата постара ќерка ми замерува за ова…“

Еспресо

„Ќе ја видите во…“: Познато е кога Зорица Брунцлик се враќа на сцената, Карлеуша ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Маја Шупут повторно ги спакува куферите и едно е јасно – ништо без Шиме, дури ни на новата дестинација

Еспресо
Се вчитува....