6.8 C
Скопје
03:11 - 26 април, 2024

„Скандалозната“ љубовна приказна на Ен Хеч и Елен Деџенерис: „Горда сум што бев дел од револуцијата што нè доведе до поголема еднаквост“

Кариерата на Ен Хеч, која почина на 53-годишна возраст по сообраќајната несреќа, беше поделена на два дела, пред и по хомосексуалната врска со Елен Деџенерис. Приказна што ја исклучи од холивудските игри, но таа не покажа жалење за тоа: „Горда сум што бев дел од револуцијата што нè доведе до поголема еднаквост. Сепак, има уште многу да се направи“ на ова поле. 

„Во овој тажен ден, ја испраќам сета моја љубов кон семејството на Ен, нејзините деца и нејзините пријатели“, гласе само неколку зборови во „стори“ на Инстаграм во збогувањето на Елен Деџенерис со Ен Хеч, нејзината поранешна партнерка. Тоа не беше поздрав како другите, туку враќање назад низ времето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by E! News (@enews)

Ен  беше многу талентирана глумица, но и покрај тоа што не можеше да најде улоги кои конкретно го покажуваат нејзиниот талент, и затоа приказната за нејзината уметничка кариера не може да се одвои од онаа на нејзиниот личен живот –  протагонистка на сентименталната врска со Елен Деџенерис која предизвика сензација во тоа време и што во одредена смисла го отвори патот за ерата на инклузивност во која живееме денес, а од друга страна ѝ ги затвори вратите во светот на филмот на Ен.

Хеч и Деџенерис се запознале во 1997 година, веднаш започнувајќи врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ExtraTV (@extratv)

„Тоа беше голема хемија која тешко може да се опише“, изјави актерката подоцна за фаталната средба на забавата на Vanity Fair. Речиси истовремено, Деџенерис призна на медиумите дека Ен не ја смета само за привлечна жена, туку нагласи дека таа е „уникатна“.

Кога Хеч ја освои насловната на престижното списание на „Тајм“ преку која таа јавно ја прогласи својата хомосексуалност, почна удолната насока на нејзината глумачка кариера.

Следуваше објавувањето на филмот „Вулкан – Лос Анџелес“ во 1997 година, а потоа одеднаш престана да добива значјани улоги, иако холивудските продуценти претходно имаа план од неа да направат ѕвезда од А-класа.

Како што Хеч се присети во едно интервју во 2018 година: „Ми беше кажано дека мојот договор со Фокс ќе заврши и дека ќе бидам отпуштена“.

Непријателската клима на Холивуд беше целосна и не само упатена кон Хеч, туку (во малку поблага форма и кон Елен. Така, Елен која во тоа време беше протагонистка на популарна емисија призна дека размислувала за идејата да стави крај на „скандалозната“ љубовна приказна, за да си ја спаси кариерата.

„Се обидувам да излезам од нејзиниот живот – рече таа во 1998 година – Мислам дека оваа љубов ѝ  ја уништува кариерата и нејзиниот живот и затоа мислам дека јас не сум вистинската личност за неа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie Ann Inaba (@carrieanninaba)

Нивната врска заврши две години подоцна, не остави неизбришлива трага во светот на забавата и јавното мислење:

„Имав три и пол годишна афера со Елен и стигмата на таа врска направи повеќе да не стапнам во студио цели десет години“, изјави Хеч во 2020 година, кога беше дел од натпреварувачите во популарната телевизиска емисија „Танц со ѕвездите“.

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....