22:04 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ВЕРЕНИЧКИ ПРСТЕН СО ОГРОМЕН ДИЈАМАНТ: Тревис Баркер на плажа со илјадници рози ја побара раката на Кортни Кардашијан

Откако официјално ја потврдија својата љубовна врска на почетокот на годината, Кортни Кардашијан и нејзиното момче Тревис Баркер постојано објавуваат заеднички фотографии.

42-годишната Кортни Кардашијан и нејзиното момче 45-годишниот Тревис Баркер не се срамат да ја покажат својата љубов пред јавноста, но сепак, некои обожаватели сметаат дека некои работи треба да останат приватни. Овој пат најновите фотографии на парот го привлекоа вниманието на светската јавноста.

По долгата и бурна врска со Скот Дисик (38) со кого има и три деца, 42-годишната ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан за првпат се сврши, и тоа со тапанарот Тревис Баркер (45) со кого е во љубовна врска неколку месеци.

Имено, парот викендов се свршил во Монтесито, Калифорнија, а среќната вест ја споделија и тие и нивните блиски на профилите на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

Тапанарот Баркер клекнал пред хотелот „Роузвуд Мирамар бич“ опкружен со рози и свеќи, со што ја изненадил Кортни која со години во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ зборуваше дека никогаш нема да се омажи.

„Засекогаш“, напишала Кортни во објавата на Инстаграм на која се гледа како таа и Тревис стојат прегрнати на плажа.

На раката на Кортни сега блеска огромен дијамантски прстен.

image

24sata

Фото: Инстаграм

Набргу по свршувачката, видеото со огромен свршенички прстен го сподели со јавноста најпознатата сестра од кланот Кардашијан, Ким, заедно со песната на Бруно Марс „Marry you“.

Да потсетиме, славниот пар со месеци привлекува внимание објавувајќи страсни фотографии. Не се срамат да ја покажат својата љубов во јавноста, иако некои обожаватели сметаат дека некои работи треба да се остават во приватност.

Kortni Kardašijan, Travis Barker, veridba

Фото: Профимедиа

Фотографиите од нивната страсна љубов, двојката веќе неколку месеци ги споделува со своите следбеници на социјалните мрежи.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....