13:36 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) АКТЕРОТ РАЗЈАРЕН: Болдвин со чадор му се заканува на новинар

алек болдвин

Новинарот на „Њујорк Пост“, Џонатан Левин на својот „Твитер“ профил објави видео од вербална пресметка со актерот Алек Болдвин.

Тој ги видел Алек и неговата сопруга Хилари на Менхетен, пред куќата на Вуди Ален и решил да му постави неколку прашања на актерот.

(ВИДЕО) БОЛКА, ТАГА И МНОГУ СОЛЗИ: Алек Болдвин го даде првото ТВ интервју по убиството на Халина Хачинс

Откако Левин го праша Болдвин што го донело во Њујорк и со кого се среќава, Болдвин тргна на кај новинарот заканувачки со чадор во рацете, додека неговата сопруга го моли Левин да ги остави на мира и го задржува актерот.

Новинарот не се откажува, туку е упорен во намерата да ја дознае вистината, па повторно го прашува актерот дали го испукал куршумот на сетот, на што Болдвин решава да не одговори.

„Не смеете да нè фотографирате пред нечија куќа“, вели актерот кој во еден момент се залета на репортерот, но беше спречен од сопругата во обид физички да се пресмета.

Потсетуваме, беше поднесена тужба против Болдвин, кој ненамерно ја уби снимателката Халина Хачинс за време на снимањето на филм кон крајот на октомври, наведувајќи дека филмското сценарио не бара од него да пука со пиштол.

(ФОТО) УБИСТВО НА ФИЛМСКИ СЕТ: Актерот Алек Болдвин ја убил директорката на фотографија и го ранил режисерот

Слични објави

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.
Се вчитува....