03:40 - 29 ноември, 2026

Трогателна порака од ќерката на Марадона: „Секогаш се плашев од твојата смрт, но не сега“!

Далма, ќерката на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, се огласи на социјалните мрежи за прв пат откако нејзиниот татко беше погребан каде што почиваат неговите родители во Буенос Аирес.

– Секогаш се плашев од својата смрт, но не сега. Знам дека ќе биде моментот кога ќе те видам повторно и ќе те гушнам! Веќе ми недостигаштато! Ќе морам да издржам тука, без оној дел од срцето што го зеде со себе! Ќе те сакам и бранам цел живот затоа што ти благодарам на заедничкиот живот! Уништена сум, но ќе издржам! Чекај ме таму. Кога повторно ќе те видам, повторно ќе пееме заедно, ќе викаме, ти всушност пееш убаво додека јас врескам! Те сакам тато! Ќе те сакам и бранам цел живот! А кога внуката ќе сака да ти се јави преку видео повик, јас ќе умрам, но биди сигурен дека ќе и кажам точно кој беше, кој си и кој ќе бидеш засекогаш. Можеби веќе те сака…Ги составувам деловите заедно и не можам да замислам каков ќе биде мојот живот без тебе … Не можам … Но, тука сум со најдобриот сопруг на светот и ќерка која ќе ме присили да напредувам. Животот е краток, затоа се гледаме наскоро. Носам маргаритки за да ги украсувам твоите чорапи и те молам, погледни ме повторно со таа љубов што ја гледаме на фотографијата! Те сакам бесконечно – стои во трогателниот проштален статус  од својот татко на најстарата ќерка на Марадона.

Инаку, Далма е постара од двете ќерки кои Диего ги доби со Клаудија Вилафане, со која се разведе во 2004 година по 20 години брак.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....